Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Мистеријата за Амелија Ерхарт, првата жена пилот

102
Прегледи
Сподели на фејсбук

Прва жена пилот, прва жена што сама го прелетала Атлантикот, прва жена што имала храброст да отиде многу подалеку од многу мажи, Амелија Ерхарт и денес останува мистерија за која се зборува.

Родена е на 24 јули 1897 година во Канзас. Израснала во проблематична средина. Нејзиниот татко бил алкохоличар, па во 1914 година ја загубиле куќата.

Амелија никогаш не живеела според тогашните правила. Работела и како болничарка и како социјален работник, но ги напуштила студиите по медицина на „Колумбија“ и се преселила во Калифорнија кај своите родители.

На еден аеро митинг во Лонг Бич некој пилот ѝ понудил на Амелија да лета со него десетина минути. Уште истиот момент знаела дека сака да лета. По само една година добила дозвола за летање, па во ноември 1922 година на аеромитингот во Лонг Бич го поставила неслужбениот женски светски рекорд и летала на висина од 4.200 метри.

Амелија била пркосна жена, неконвенционална за нејзино време. Иако не сакала да се мажи, откако нејзиниот заштитник Џорџ Путнам ја побарал шест пати за жена, таа се согласила. Но, му испратила и писмо во кое нагласила дека нема да му биде верна, а истото не го очекува ни од него. И токму во тоа време се запознала со Јуџин Видал, најголемата љубов во нејзиниот живот.

По својот прв лет преку Атлантикот ја напишала книгата „20 часа и 40 минути“. И книгата и летот ѝ донеле светска слава, бидејќи иако не била сама во авионот, нејзиниот пилот бил пијан во поголемиот дел од летот, па таа активно летала повеќе од него.

Во 1932 година го направила дотогаш незамисливото – самата го прелетала Атлантикот, по што добила одликување од тогашниот американски претседател, Френклин Рузвелт.

Следниот голем подвиг бил летот од Хаваи до Калифорнија, лет од 386 километри кој траел 18 часа и 16 минути, а Амелија била првиот пилот кој самостојно летал на оваа релација.

Таа тргнала на пат околу земјината топка, кон остварување на најголемиот сон. Летот почнал на 1 јуни 1937 година. Поминала преку 22.000 километри пред нејзиниот авион да исчезне во близина на островот Хауленд во Тихиот Океан. Ѝ останале уште околу 7000 километри да го заврши патувањето.

Некои веруваат дека авионот бил намерно урнат од Јапонците. Некои сметаат дека не се урнал, туку дека успеал да слета, но дека не успеала да преживее.

Потрошени се четири милиони долари во обид да се пронајде Амелија Ерхарт, но ни нејзиното тело, ниту авионот не се пронајдени. Барем не до пред неколку години кога биле пронајдени остатоците од нејзиниот авион, во близина на островот Никумароро.

За оваа година е планирана научно-истражувачка експедиција во која нуркачите би се обиделе да ги пронајдат и остатоците од нејзиното тело. Додека не го направат тоа, смртта на Амелија Ерхарт ќе остане обвиена во мистерија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

Најважните жени во животот на Елвис Присли

Следен пост

Инстаграм зимска инспирација

Следен пост

Инстаграм зимска инспирација

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.