Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Креативноста на Рената Ристески изразена преку нејзините фото-приказни

41
Прегледи
Сподели на фејсбук

Рената Ристески е млада девојка и мајка, чија креативност во однос на фотографијата не можете да ја одминете на социјалните мрежи. Причина заради која ние решивме да и поставиме неколку прашања на таа тема..

Рената, фотографиите со Вашето бебе пленат на Инстаграм и Фејсбук заради инвентивноста и креативноста која е веднаш воочлива. Од каде интересот на ова?

Интересот за фотографија го имам уште од мала. Најверојатно талентот го имам наследено од татко ми, секогаш кога тој ке го земеше во раце апаратот, тогашниот Zenit-Е, секогаш знаев и јас да “чкрапнам” по некоја фотографија, па така постепено како растев, растеше и интересот за ова. Секако, интересот за фотографии со бебиња се вроди кога дојде на свет мојата ќерка, па како и секој родител сакам да го секој момент од детството на моето дете да го овековечам во фотографија.

15350709_10211945646024359_6621992801846481782_n__1481035914_77-29-144-174

Која е првата фотографија која ја направивте?

Се сеќавам, тоа беше на еден фамилијарен одмор. Зајдисонце, море, песок, тоа за мене беше еден погоден момент за фотографирање. Ја зедов мајка ми како модел, ја сместив пред објективот и направив прилично добра портрет фотографија.

Рената, дали како мала кога се фотографиравте имате посебни барања како сакате да изгледа Вашата фотографија?

Од секогаш сум сакала кога ме фотографираат или кога јас фотографирам одреден објект/модел, да има добра позадина, фотографијата да има своја содржина и понекогаш да има своја приказна.

15267675_10211945550301966_8964523343095095670_n

Дали фотографирате и други дечиња, како изгледа целиот процес со оглед на тоа дека со деца се работи малку потешко?

Да, децата се палави, немирни, но и свои во секој случај , па затоа и најубавите фотографии се со деца . Тие зрачат со своја енергија , па така на овие фотографии не им треба многу “шминка”, самата фотографија изгледа природно, што мене лично ме фасцинира.

Какви желби имаат родителите кога бараат да ги фотографирате нивните деца?

Најчесто тие препуштаат фотосесијата да тече според моја замисла, но се зависи и од околностите и реквизитите со кои располагаме во моментот. Родителите со оглед на периодот на годината бараат и тематски фотосесии, дали е тоа роденденска , новогодишна, велигденска тема и слично.

15268000_10211945551742002_7457636786110176747_n

Бидејќи станува збор за креативна работа, а тука луѓето многу се трошат, од каде црпите инспирација?

Ме инспирира буквално се околу мене , а најмногу мојата мала ќеркичка.

15391382_10211945645424344_6623177126102371327_o__1481035662_77-29-144-174

Во која насока би сакале да се развивате, каде се гледате за 10 години од сега, во однос на тоа што го работите?

Јас фотографирам со голема љубов и задовоство, секако би сакала да се развивам во оваа насока, да се надоградувам и да се усовршувам како фотограф.

Фотогалерија

Подготви: Билјана Настеска – Каланоска

Фото: Рената Ристески

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ИНТЕРВЈУ Кендал Џенер – Не постои поубаво време во годината од Божиќ

Следен пост

Каква врска имаат годините со убавината?

Следен пост

Каква врска имаат годините со убавината?

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.