Човекот кој има освоено пет Греми награди и кој на комичен начин успеваше да нè натера да го сфатиме апсурдот на нашето време, Џорџ Карлин е роден во Њујорк во 1937 година.
Тој беше еден од најпознатите комичари и критичари на општествените текови во дваесеттиот век. Знаеше да кажи дека да се родиш на Земјата е како да си купил карти за во циркус, а да се родиш во САД како да си купил карти во првиот ред. Неговите настапи често беа контроверзни и неколку пати се има најдено и пред Врховниот Суд во САД кој донел одлука дека американската влада може да ги цензурира неговите говори.
Сепак, во неговите легендарни изјави се кријат важни работи, големи вистини или неверојатни парадокси:
„Ако е точно дека нашиот вид е сам во универзумот, тогаш морам да кажам дека универзумот нишанел ниско и се задоволил со малку.“
„Повеќето луѓе работат колку да не бидат отпуштени и добиваат доволно пари колку да не дадат отказ.“
„Во секој циничен човек лежи разочаран идеалист.“
„Никогаш не ја потценувајте моќта на глупавите луѓе обединети во големи групи.“
„Сите се смееме на ист јазик.“
„Сте забележале ли дека секој што вози побавно од вас е идиот, а секој што вози побрзо од вас е манијак?“
„Минатата вечер јадев во еден фин семеен ресторан. На секоја маса имаше расправија.“
„Секое нешто има забавна страна. Предизвикот е да ја откриеме.“
„Ако човек се смешка постојано, најверојатно продава неквалитетна роба.“
„Ми се допаѓа кога ќе видам цветови или малку трева како изникнуваат од некоја пукнатина во цементот. Толку е херојски!“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот