Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Хероините кои го променија светот

57
Прегледи
Сподели на фејсбук

Има жени и има супер жени. Низ историјата, токму тие супер жени со своите зборови и дела го променија концептот дека мажите имаат единствено право на моќ и храбри подвизи.

Јованка Орлеанка

Иако потекнува од сиромашно селско семејство, на само седумнаесет години успева на Франција да и донесе победа над надмоќната британска војска и покрај бројните повреди кои ги добила во претходните битки. Историчарите се согласуваат дека била водечки стратег и командант на француската војска. Прогласена е за вештерка и спалена на клада во 1430 година, но денес е национална хероина на Франција.

orleanka

Мајка Тереза

Во минатиот век и не постои повлијателна жена од неа. Родена е на 26  август 1910 година во Скопје, а во Ирска заминува да го учи англискиот јазик. Многу брзо стигнува во Индија и работи како учителка во едно училиште. После Втората светска војна одлучува да остане во Индија  за да им помага на сиромашните. Основала мала организација за помош на децата без родители, која набрзо имала 4000 членови и бројни следбеници од целиот свет. Добитник е на Нобелова награда за мир и денес е личност која симболизира хуманост и милосрдие. Почина на 5 септември 1997 година во Калкута. Ватикан на 4 септември годинава, ќе ја прогласи за светица.

majka tereza

Индира Ганди

Третиот премиер на Индија, петнаесет години на оваа позиција, ова е една од најпознатите жени – лидери во светот. Беше убиена во заговор смислен од нејзините телохранители. Таа служеше на Индија низ многу тешки времиња, стана многу влијателна фигура, симбол на феминизмот во Индија. Успеа да ја намали сиромаштијата, да го зголеми производството на храна и нивото на образование на индискиот народ.

indira_gandhi

Алиса Пол

Алиса Пол била активист за заштита на женските права и прва жена која успеала преку успешна кампања да го смени уставот на САД во 1920 со кој како новина и двата пола се рамноправни, со право на глас. Како резултат на револтот од угнетувањето во 1916 година ја основа Националната партија на жените а веќе наредната година започнуваат масовните протести пред Белата куќа, како прв протест во историјата кој се одржал без насилство туку на најдемоктратски начин. Владата експресно реагира и ја праќа Алиса и нејзините следбенички во затвор со цел да се угуши револтот.

pol

Елеонор Рузвелт

Таа е една од првите жени примени во Сенатот (1911 год.), пред да стане прва дама на Америка. На својот сопруг Френклин Рузвелт му помага  во работењето, иако во тоа време сопругите на претседателите се декларираат исклучиво како домаќинки. Организирала конференции за новинарите, има огромно влијание над сопругот при носењето на важни одлуки  за доброто на децата во Америка. Работеше за подобрување на статусот на вработените жени, а се спротивставуваше на Амандманот за еднакви права, бидејќи веруваше дека тоа негативно ќе влијае на жените.

ruzvelt

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: женимоќполитикаправо на гласрамноправностхероинихуманост
Претходен пост

Мерил Стрип: Не мора да бидеш популарен. Само треба да ги направиш своите родители горди луѓе

Следен пост

Интервју: Лазе Димовски – човек кој уметноста ја носи во својата душа

Следен пост

Интервју: Лазе Димовски - човек кој уметноста ја носи во својата душа

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.