Кери Бредшо – прекрасната колумнистка од „Сексот и градот“ – некои ја обожаваа, некои не. Но, мораме да признаеме дека таа сепак, имаше право…
1. „Можеби нашите грешки се она што ја одредува нашата судбина.“
За да ги научиме вредните животни лекции , мора некогаш да погрешиме. Некои лекции ги учиме на потежок начин, но на крајот секоја лекција е вредна.
2. „Врски, колку и да се добри, опстануваат само низ низа компромиси.“
Не очекувајте квалитетна и здрава врска, ако не можете да се согласите на компромис. Таквите врски однапред се осудени на компромис.
3. „Понекогаш мора да престанете со премногу размислување. Ако се чувствувате добро, немојте да се сомневате во тоа убаво чувство. Одете кон него и уживајте.“
Престанете со постојаното планирање и очекување на најлошото. Среќата е прекрасна емоција, препуштете се. И онака не можете да ја предвидите иднината.
4. „ Заљубена сум во него и се плашам дека ќе ме остави, бидејќи не сум совршена.“
Никој не е совршен, па така ни тој. Доколку е тој свесен за тоа, ќе ве сака поради она што сте, како и вие него.
5. „Највозбудливата, најпредизвикувачката и најважната врска која ја имате е онаа со себе си.“
Едноставно е: ако не се сакате себе си, нема да можете ни другите.
6. „После раскинување, градот станува пусто поле, преполно со емоционални мини. Мора да бидете многу внимателни или ќе се распаднете на парчиња.“
Со други зборови, сите носиме болни спомени после раскинувањето, особено во првите недели отпосле. Најдобро би било да ги избегнувате местата кои сте ги посетувале заедно, но добрата вест е дека секогаш има неоткриени места кои сега можете да ги посетите со пријателите кои воедно и ќе ве расположат и ќе ја вратат насмевката на вашето лице.
7. „Кога мажите прават романтичен гест, тоа е романтично. Кога истиот гест ќе го направи жена, таа често се смета за очајна и психотична.“
Да живее половата нееднаквост!
8. „Мислев дека луѓето кои седат сами во кафуле со својот лаптоп, се претенциозни позери. Сега знам дека тоа се луѓе кои неодамна почнале да живеат со некој.“
Сосема е нормално кога понекогаш ни треба време за себе, дури и ако лудо го сакате партнерот и сте на почетокот на вашиот заеднички живот. Во секоја квалитетна врска, важно е и времето кое го поминувате со себе.
9. „Не можете да престанете да бидете она што сте, бидејќи се плашите, нели?“
Вие сте таа што сте – со причина. Криењето на својата вистинска природа поради доброто на врската ќе ви направи само повеќе штета.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.