Вирџинија Вулф, родена 25 јануари 1882 – 28 март 1941 била англиска писателка, критичарка, есеистка, и интелектуалка од првата половина на XX век. За време на периодот меѓу двете светски војни, Вулф беше значајна фигура во лондонското литературно друштво и централна личност во влијателната Блумсбери група на интелектуалци.
Таа се смета за еден од најистакнатите модернисти од дваесеттиот век и пионер во користењето на текот на свеста како наративно средство. Таа извршила големо влијание врз современата книжевност и се смета за еден oд основачите на модерниот психолошки роман.
Животот на Вулф завршил трагично. По завршувањето на ракописот на последниот роман, „Помеѓу чиновите“, подоцна објавен постхумно, Вулф западнала во депресија од која и порано страдала. Почетокот на Втората светска војна, уништувањето на нејзиниот дом во Лондон за време на „Лондонскиот блиц“ и ладниот прием на биографијата што таа ја напишала за нејзиниот починат пријател Роџер Фрај дотолку ѝ ја влошиле состојбата што таа веќе не можела да работи. На 28 март 1941 година, Вулф ги наполнала џебовите на елекот со камења и се фрлила во реката Уз во близина на нејзиниот дом.
Издвојуваме неколку нејзини цитати:
„Не можеш да пронајдеш мир избегнувајќи го животот.“
„Книгите се огледало на душата.“
„Зошто жените им се повеќе интересни на мажите отколку што мажите им се интересни на жените?“
„Човек не може да мисли добро, да сака и да спие добро, ако не е добро најаден.“
„Пишувањето е како сексот. Прво пишуваш од љубов, потоа за твоите пријатели и на крај го правиш тоа за пари.“
„Кога размислуваш за некои нешта како на пример ѕвездите, тогаш нашите афери и не се толку значајни.“
„Нема потреба да брзаш, нема потреба да блескаш. Само биди тоа што си.“
„Љубов, -рекол поетот, е суштината на женското постоење.“
„Сите екстремни чувства се тенко поврзани со лудилото.“
„Ништо не е потенко од сечилото на ножот кој ја дели среќата од меланхолијата.“
„Помислив да пишувам за смртта, но како и вообичаено животот ми го попречи патот.“
„Полесно е да убиеш фантом отколку да ја убиеш реалноста.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.