Многу од нас мислат дека познатите личности имаат некои одлики на „Супермен и супермоќ“. Но, воопшто не е така!
Можеби се родени под среќна ѕвезда, па не знаат како изгледа да имаш „кисел“ живот, но верувајте сите од нив знаат!
И тие се луѓе, еднакви на нас. Има многу комплицирани животни приказни што некои од нив јавно ги споделуваат или пак ги кријат зад нивното секогаш насмевнато лице.
И тие во училиште се соочувале со истите проблеми како и сите ние, караници, малтретирање од страна на другарчиња, исмејувања ниски оцени и слично.
Сакате ли да ги дознаете нивните приказни ?
Ние ви откриваме како изгледале тинејџерските години на 8 познати личности и како изгледал нивниот пат до кариерата…
1. Christian Bale
На 8 години актерот прв пат учествувал во реклама. На неговите другарчиња од училиште не им се допаднал изборот на неговото хоби, па решиле да го истепаат и да го малтретираат. Но, талентираното дете не се откажало, а што се случува подоцна?
Бинго!
Се појавува пред екраните во улогата на Batman! Сигурно една од најпосакуваните улоги на секој маж. Денес актерот е светски познат со безборј награди, меѓу кои Оскар и Златен глобус.
2. Jessica Alba
Верувале или не убавата актерка постојано била малтретирана во училиште. Била жртва на сообраќајна несреќа во Тексас и останала без заби. Исто така била и многу чудна тинејџерка повелечена во свој свет. Но, таа успеала да ги надмине овие проблеми и станала модел. Денес е успешна актерка и претприемач на своја компанија. Покрај тоа, неколку пати е прогласувана за најубава жена во светот.
3. Winona Rayder
Средното училиште за неа било вистински пекол. Била претепана од група на буновници: Често била нарекувана – машко, порадни нејзиниот изглед, кратка коса, очила, слаба и неразвиена фигура. Таа го остава училиштето по малтертирањето кое таму го добила.
Еден ден, еден од децата кои учествувале во тепачката побарал автограм од неа додека седела на кафе, а таа почнала гласно да го навредува со зборови. Сепак, силниот ум и помогнал да го надмине ова доживување и да успее во филмската индустрија.
4. Taylor Swift
Таа признава дека малтретирањето со кое се соочувала на училиште и било инспирација да почне да пишува песни, а денес сите луѓе во светот и се восхитуваат токму поради тоа.
Важи за една од најплатените пејачки во светот и 10-та на листата на најследени луѓе на Инстраграм.
5. Steven Spielberg
Во училиште постојано бил жртва на исмејување, бидејќи бил „бубалица“. Постојано учел и не се забавувал. Подоцна, животот му покажал дека тоа сепак било од корист.
Тој е еден од најдобрите режисери и продуценти во филмската индустрија, а се најде втор на листата на најдобрите режисери во светот.
6. Madonna
Таа вели дека нема добри сеќавање од училиште и дека момците ја нарекувале „влакнесто суштество“ и постојано ја малтертирале поради тоа.
Таа е добро позната по нејзината бунтовничка карактеристика, а тоа ја донесе на 43- то место на листата на најдобри пејачи на сите времиња.
7. Lady Gaga
Таа носела необична облека уште на училиште. Другарчињата ја нарекувале „фрик“ и постојано ја исмејувале, и го правеле животот хорор. Престанала да им обрнува внимание, оставајќи ги озборувањата зад себе, постапка која и помогнала да оди напред.
На фановите им го посвети прекарот „little monsters“ и ги охрари да бидат онакви какви што се. Нејзиниот успех зборува за нејзината упорност…
8. Daniel Radcliff
За време на адолесценцијата тој беше популарно дете со оглед на тоа дека ја имаше главната улога во Harry Potter. Неговите соученици го сметале за не баш кул личност и го исмејувале. На 14 годишна возраст тој се степал на училиште со другар кој претерал со малтретирањето и дофрлањето на зборови. Тепачката била сериозна поради тешките удари, момент на кој Даниел се сеќава и денес.
Како и да е оној што последен се смее, најслатко се смее, а во случајот тоа е малиот Harry Potter – светски познат уште од негова најмала возраст.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.
Discussion about this post