Доколку сте во период на уредување на нов дом или едноставно чувствувате потреба да го освежите изгледот на постоечкиот ентериер, инспирирајте се од трендовите кои се актуелни во моментов.
ПАУН СИНА
Оваа боја дава можност на ентериерот, а одлично ќе изгледа во комбинација со посветли нијанси како розова. Темните нијанси можете да ги употребите за завесите и декорациите, одлично оди со темно дрво, окер и цветни детали.
ЦРН МЕБЕЛ ВО КУЈНА
Црната боја е секогаш добредојдена во ентериерите бидејќи е едноставна за комбинација со други бои. Оваа сезона црната боја е посакувана за мебелот, посебно во кујната. Од маси со црни детали со кујнски елементи – се е добреодојдено.
НЕУТРАЛНИ ТОНОВИ
Ако не сте љубители на темните бои, без грижа, неутралните тонови исто така се дел од трендот. Просторот во овие нијанси секогаш изгледа елегантно и софистицирано.
РЕТРО ГРАФИКА
Еден од најбрзите и најдобрите начини да се придржувате кон трендовите и да направите мали, но видливи промени во вашиот простор, на пример, е да купите нови постелнини, цветни тегли или ќебиња. Ваквите детали ќе го освежат вашиот простор без да бараат негово реновирање. Бидејќи ретро изгледот продолжува да биде популарен, освежете ја спалната соба оваа есен со постелнина од чисти линии и геометриски форми.
РОЗОВА И ЗЕЛЕНА
Нијанси на розова и зелена комбинирани заедно секогаш изгледаат убаво, а оваа година се исто така голем тренд. Можете да ги користите во форма на позадина или да го промените просторот со украси како што се вазни, перници или ќебиња.
Извор: http://www.journal.hr/
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.