Издавачкиот центар ТРИ претстави две европски авторки, добитнички на престижната европска награда за литература. Тоа се делата „Островот Крах“ од бугарската авторка Ина В’лчанова и „Слики од животот на М. “ од словачката писателка Светлана Жухова. Книгите се дел од едицијата „Европски приказни“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
„Островот Крах“ – во превод на Душко Крстевски – е приказна раскажана од две жени меѓу коу постои нагична поврзаност – тие се два универзума, толку различни а спека толку слични. Нивните приказни допираат многу различни теми, но во суштина зборуваат за човековите нагони и фрустрации, за копнежот и реалноста, за љубовта и предавството, за бесконечноста во нас, но и за онаа необична работа што ја нарекуваме „судбина“. Ова е приказна за различни луѓе и предели и за еден далечен и фасцинантен остров на кој би можел да се случи предвидениот крах. Но што е крах и дали воопшто постои такво нешто?
„Слики од животот на М.“ – преведена на македонски од Стојан Лекоски – е роман кој на еден едноставен а храбар начин ја доловува потрагата по мирот, стабилноста, зрелоста и среќата. Романот слика детелен психолошки портрет на младата Марисија која се обидува да го најде своето место во светот. А како што често се случува, домот не е местото, туку луѓето што го сочинуваат. Старите и новите, блиските и далечните семејни врски, како и нивното значење и напати нивната бесмисленост се главната тема на романот. Нудејќи фасцинантен приказ на современиот живот во Виена и братислава, авторката преку главниот лик му ги претставува на читателот и секојдневните предизвици со кои се соочуваат младите во современото европско општество.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.