Софија Лорен е родена на 20ти септември 1934 година, во Рим. Нејзиниот татко бил инженер, а нејзината мајка учителка по пијано.
Израснала во сиромашни услови, во градот Поцуоли, близу до Неапол за време на Втората светска војна. Уште како тинејџерка, на 15 години, таа заминала во Рим за да бара филмска улога, а со платата како модел за илустрирање романтични приказни го издржувала нејзиното семејство.
Имала тешко детство, но и стекнала богато животно искуство дружејќи се со познати италијански глумци.
На своите 16 години, Софија се заљубила во 20 години постариот режисер, Карло Понти, кој во тоа време бил оженет човек. Но сепак тоа не претставувало пречка во обидот на маладата Софија да го заведува и освои познатиот режисер. Тие стапиле во брак, кога таа имала 23 години и имале 2 сина.
Во текот на нејзиниот живот ја поврзувале со многу холивудски „срцекршачи“, но таа никогаш јавно нема проговорено на таа тема.
Со право може да се каже дека нејзините мисли за животот спаѓаат во оние кои најчесто се цитираат.
Во продолжение прочитајте неколку од нејзните најинтересни мисли:
„Сексaпилот е 50% она што го имаш и 50% она што другите мислат дека го имаш.“
„Мораш да уживаш во животот. Секогаш биди опкружен со луѓе кои ти се допаѓаат и со кои можеш да разговараш. Постојат толку моногу позитивни нешта околу кои треба да размислуваме.“
„Покрај толку многу години, се уште сум во процесот на самоспознавање. Подобро е да истражувате во животот и да правите грешки отколку да „играте на сигурно“. Грешките се дел од долговите кои личноста ги плаќа за да има богат живот.“
„Мајката треба секогаш да мисли два пати. Еднаш за себе еднаш за своите деца.“
„Постои фонтана на младоста. Тоа е твојот ум, твојот талент, креативноста која ја внесуваш во твојот живот и во животот на саканата личност. Кога ќе научиш да го користиш тој извор, тогаш вистински ќе ја победиш староста.“
„Погрешно е да мислиш дека штом завршиш со школувањето никогаш повеќе нема да треба да учиш ништо ново.“
„Многу луѓе мислат дека сакаат некои работи, но им недостасува работа и дисциплина. Верувам дека го добиваш она што го сакаш само ако вистински се посветиш на тоа.“
„Мислам дека сексапилот доаѓа одвнатре. Тоа е нешто што или го имаш или го немаш, и навистина нема врска со должината на нозете или испрчувањето на усните.“
„Фустанот на жената е како бодликава жица – служи за својата цел без притоа да го попречува погледот.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.