Американскиот сајт Bookbub.com побара од своите следачи да откријат кои им се омилени книги што некогаш ги прочитале.
Иако сме веќе 20 години во 21 век, изгледа дека делата од минатиот и предминатиот век се уште се омилени на многумина.
На 5-тото место се најде готик новелата од 1938ма година – “Ребека” од британската писателка Dame Daphne du Maurier.
На основа на оваа книга настанал и истоимениот филм на Алфред Хичхок кој доби и Оскар.
На 4-то место се наоѓа легендарниот роман од американската книжевност кој датира од 1868 год. Интересна е тематиката бидејќи на некој начин се поистоветува и со она што е популарно денес. Веројатно и тоа е причината што при крајот на минатата година е прикажана нова филмска адаптација на романот “Мали жени” од авторот Louisa May Alcott.
Третото место припаѓа на неповторливата “Џејн Ејр” од авторката Charlotte Brontë.
На второ место се најде роман од американската писателка Harper Lee, кој доби Пулицерова награда – книгата „Да се убие птицата што се потсмева“.
Првото место засекогаш ќе припаѓа на култниот роман “Гордост и предрасуда” од Jane Ostin.
Извор: elle.rs
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.