Што треба секоја жена да знае по својата 35-та година:
- Без разлика колку била добра журката, направи се од себе да се разбудиш во својата соба.
- Помеѓу парчето торта и кекс обавезно направи место за чаша вода.
- Ако е полноќ, а ти мораш да ја измиеш косата, да направиш епилација на нозете и маникир, секогаш одбери го сонот бидејќи влакнестите нозе можеш да ги сокриеш, на главата можеш да врзеш модерна марама, а ноктите да ги налакираш со безбоен лак дури и попат во автобус. Но никој и ништо не може да го маскира уморниот лик и лошото расположение.
- Патувај! Искористи ја секоја прилика за да патуваш. Новите искуства се значајни.
- Да трошиш време и емоции на неадекватен човек има смисла само доколку ти си доктор, а тој пациент кој те плаќа.
- Измеѓу бурните романси и можноста за заработувачка секогаш направи го вториот избор.
- Не се докажувај. Од расправијата може да добиеш само мигрена. Некогаш најдобро е да кажеш само: „ Да, како ти ќе кажеш.“ .
- Пред да почнеш со било што прво запрашај се : „ Дали е ова за мене?“ Потоа затвори ја устата и оди по патот.
- Некогаш неколку денови поминати во самотија се подобри отколку скапите спа третмани.
- Ниеден маж не заслужува да трпиш неудобни чевли заради него.