Пo земјотресот што го разбуди Загреб и околината во неделата во 6:24 часот, многумина се чувствуваат потресени, а сликите од уништените домови во Маркушевац, Кашина и низ Загреб го кршат срцето.
За време на последните два дена на социјалните мрежи се појави од волнено скршено срце на испуканата фасада на Загреб, поврзано од сина нишка. Многумина мислеа дека пукнатините се појавија во неделата, и ја фотографираа. Срцето е симбол на тоа дека еден ден штетата ќе се санира и Загреб ќе закрепне.
Волнено срце е дело на дизајнерката Ивона, чиј Инстаграм профил е voona.design
“Загреб денес се чувствува баш вака. Најсилниот земјотрес во последните 140 години нè погоди рано наутро и штетата е голема во стариот град. И има многу страв во и околу нас. Никогаш не сакав да објавам слика на скршено срце во овој контекст. Но, претпоставувам дека дека сето тоа е дел од животот. Ние луѓето сме мали и кревки. Внимавајте едни на други.
Можеме да го поправиме ова. Откако лудилото ќе заврши “, напиша таа
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.