И денеска ви претставуваме млади и креативни македонски инстаграмџии.
Овој пат, одлучивме да направиме листа на најзгодните македонски инстаграмџии со брада. Па, погледнете кои се тие и задолжително кликнете „follow“.
Владо Сејменовски
На профилот на овој инстаграмџија ќе видите одлични фотографии, од патувања, од препарати за нега на брада и од неговото супер кул куче. Во слободно време обожува да спортува со точак, а од неодамна стана и фан на јогата. Да не заборавиме, брадата му е заштитен знак. 🙂
Следете го на https://www.instagram.com/vladolik/
Даниел Ѓенчевски
Даниел Ѓенчевски е уште еден млад инстаграмџија со интересн профил и се разбира брада! Тој е љубител на планините и за рекреација често планинари. Во текот на денот троши скоро 1 час за нега и уредување на брадата, а вели дека ја потшишува на секои две недели. 🙂
Следете го на https://www.instagram.com/daniel.gencevski/
Кирил Јованов
Кирил е дечко со одличен стил, а откако реши да ја пушти брадата стана „дечкото со најубава брада во градот“! Тој е одличен менаџер на градските забави, сака да патува, а нешто помалку да се слика.
Симон Џон
Овој млад инстаграмџија на својот профил постира фотки за сите оние нешта што го прават животот убав – како кафе, возење со велосипед, вкусна храна мода и стил. Да не спомнуваме дека секое кратење на брадата задолжително е проследено со фотографии!
Се разбира, за што друго служат Инстраграм профилите?!
Следете го на https://www.instagram.com/simon.j0hn/
Дарко Антовски
Дарко е љубител на животните и на добриот стил! Може да речеме дека очилата му се омилен асесоар. Иако неодамна реши да ја скрати брадата, откако сите ја пуштија, ние решивме дека неговиот инста профил треба да се најде токму тука.
Тој е фан на јогата и на спортувањето.
Следете го на https://www.instagram.com/darkoantoski/
Бојан Петровски
Бојан е дечкото што носи брада уште пред тоа да биде во тренд! Тој е вистински фан на модата, а колекционер на пеперутки машни. Лесно може да го препознаете поради неговиот уникатен изглед.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот
Discussion about this post