Шарлиз Терон е една од најпознатите и најомилените актерки во Холивуд. Жена со стил која секогаш изгледа беспрекорно. Професионалец кој секогаш ја одработува улогата до крај. Добитник на Оскар во 2003 година за улогата што ја означи нејзината кариера, улогата во филмот “Монструм”.
Но, има нешто многу поголемо и повпечатливо во нејзиниот живот од кариерата – приказната која ја носи со себе од своето детство.
Актерката е родена во Бенони, во тогашната провинција Трансвал во Јужна Африка, како единствено дете на Герда и Чарлс Терон. Пораснала на фармата на нејзините родители во Бенони, во близина на Јоханесбург. Таа има француско, германско и холандско потекло; нејзините француски претци биле првите доселеници Хугеноти во Јужна Африка. Презимето „Терон“ е окситанско презиме .
На 21 јуни 1991, таткото на Терон, алкохоличар, физички ја нападнал нејзината мајка и им се заканувал на двете додека бил пијан. Нејзината мајка во самоодбрана пукала со огнено оружје и го убила. Убиството било пресудено како легално бидејќи било во самоодбрана. Причина заради која мајка ѝ не била осудена.
На 13 години, Терон била пратена во интернат и започнала со нејзините студии во државното училиште за уметности во Јоханесбург. Иако Терон одлично го владее англискиот јазик, нејзин прв јазик е африканскиот.
Денес таа мајка на две деца, Џексон кој го посвои во 2012 година и ќеркичката Август која ја посвои во 2015 година.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот