Sarah Biggers е основач и сопственик на козметичката линија Clove + Hallow која официјално постои од 2017 година.
Таа за сајтот Еntrepreneur ја споделува својата професионална приказна.
„Во моите рани 20-ти кога направив кариерна промена од светот на техничка примена на шминка во светот на козметиката со цел да развијам своја козметичка линија, сите околу мене беа многу скептични бидејќи не знаев речиси ништо за бјути бизнисот и начинот како се прозведува. Но, решена бев да оставам своја трага, наместо да создавам и следам нечија друга. Во тој период имав и потешки здравствени проблеми заради начинот на живот, морав да лежам. Докторот кој што ме лечеше ми помогна да доживеам момент на просветлување. Ме натера да сфатам дека е многу важно што внесуваме во организмот, што пак ми отвори сосема друг поглед кон животот и работата која што сакав да ја работам. Сфатив дека е многу важно и што ставаме на лицето. Со таа мислев, знаев дека сакам да направам промена во полето кое веќе го одбрав да работам.
Статистиката вели дека до 2024 година, козметичка индустрија ќе стигне до 22 милјарди вредност. Но, со оглед на тоа дека последните години конкуренцијата е многу голема, да се влезе на овој пазар станува се потешко.
„Наоружана“ со знаење за производите, заштитена благодарение на мојата страст кон работата, се збогував со последниот мејкап клиент во 2016 и во 2017 го лансирав сопствениот бренд Clove + Hallow.
Развијте ја визијата и држете се до неа
Пробајте да одолеете барем една година на трендовите кои големите компании ги налагаат. Доколку го надминете искушението, имате можност да останете оригинални и потоа, покрај вашите производи да создадете линија која ќе биде тренди. На тој начин ќе ја задржите оригиналноста, а сепак ќе бидете присутни со нешто за кое е заинтересирана можеби пошироката јавност.
Прифатете ги социјалните медиуми
Социјалните мрежи се демократски медиум кој дозволува на секого да создаде бренд, да ја запознава јавноста со него, иако се уште не е на пазарот. Посветете внимание на создавање сопствена заедница на следачи кои подоцна ќе станат можеби и вашата најголема поддршка.
Не се плашете да поставувате прашања
Иако работев во светот на мејкап индустријата, не се срамам да признаам дека не знаев ништо за креирање на производ и негово лансирање. Почнав да пишувам фрази на Google како што се „Како да создадам своја линија“ и слично се додека не собрав доволно информации кои ми помогнаа да создадам сопствена мрежа на потенцијални соработници. Некои од нив ми се смееја кога има кажував колкаво количество на производи сакам да нарачам за производство. Една од жените со кои разговарав беше доволно фина да ми помогне во изборот на соработници. Конечно, најдов лабораторија која се согласи да работи со мене на создавање на новиот производ. Поставувајте прашања и немојте да се чувствувате лошо при секое одбивање бидејќи шансите да научите скапоцена информација од тие одбивања се многу реални.
Речиси за сè можете да преговарате
На почетокот, се согласував со сè што ќе ми беше понудено. Но, како што добивав искуство, а со тоа и сигурност почнав да преговарам за многу работи, посебно за оние каде што ми се чинеше нешто сомнително. Запамтете – најлошото што можат да ви го кажат во процес на преговарање е да речат НЕ.
Немојте да очајувате
Оваа работа има многу предизвици, многу успеси и многу неуспеси. Не дозволувајте тие да ве направат депресивни до таа мера да се откажете.
Не дозволувајте егото да ви стои на патот кон успехот
Разбирливо е да се борите со фактот дека како што компанијата расте, ќе почнете да предавате дел од контролата на другите. Размислете кои области се најважни за вас и таму да останете вклучени, а во кои вашата вклученост не е од круцијално значење. Дозволете квалитетен тим да стои зад нив и да биде одговорен за тоа.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот