Наоми Кемпбел е родена во Лондон на 22 мај 1970 година. Jа израснала мајка и Валери Морис koja била професионална танчерка, а Наоми по сопствена желба никогаш не го запознала таткото, кој ја напуштил Валери уште кога била бремена во четвртиот месец. Таа го зела презимето Кемпбел од вториот брак на мајка и. Додека била многу мала живеела во Рим, каде мајка и работела како танчерка по модерен танц. На три годишна возраст, Наоми била запишана во школото за танц “Barbara Speake Stage School”, а кога наполнила 10 години била примена во Italia Conti Academy of Theatre Arts, каде учела балет.
Инаку, првиот јавен настап пред да ја забележи светот на модата, се случил во 1978 година, кога имала само 7 години и тоа во видео спотот на Боб Марли за песната “Is this Love”.
Наоми Кемпбел модната кариера ја започнува на 15 години кога, Бет Болд, сопственичка на агенцијата Synchro ја забележала додека купува во продавница. Истата година, пред на наполни 16 години, Наоми се појавила на насловната страница на британски Elle.
Таа е манекенка од старата генерација на преубави дами, еден од 5 најуспешни модели на сите времиња. Зад себе има 500 насловни на списанија, а била вклучена и во кампањите на for Burberry, Prada, Versace, Chanel, Dolce & Gabbana, Marc Jacobs, Louis Vuitton, Yves Saint Laurent и Valentino.
Таа е првата афроамерикaнска манекенка со британско потекло која се појавила на насловните страници на француски, руски и британски Vogue.
Покрај манекенската кариера, таа се појави и во многу ТВ шоуа, музички спотови и филмови како “The Cosby Show,” “The Fresh Prince of Bel-Air,” “Erotica на Madonna,” и “In The Closet” на Michael Jackson’, видео на кое сите добро се сеќаваме.
Наоми е активна и на хуманитарен план, во 1993 година започна да работи на тоа поле заедно со Нелсон Мандела, а во 1997 година ја основаше организацијата “Honorary Granddaughter” .
Во 2005 година беше домаќинка на првата модна ревија од хуманитарен карактер, Fashion For Relief, каде се собираа пари за жртвите од ураганот Катрина во Њу Орлеанс. Настанот доби светски карактер и беа одржани ревии во Њујорк, Лондон, Кан, Москва, Мумбаи и Дар ес Салаам, каде беа донирани милиони долари за различна намена.
Наоми останува да биде движечка сила и инспирација за успех, не само во светот на модата, туку и пошироко.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.