Храна која помага против процесот на стареење не е нешто ново, но сепак да се потсетиме кои видови ќе направат вашата кожа да блеска од здравје и свежина, што е одлика на младешкиот изглед.
Авокадо
Авокадото е супер храна која ја прави кожата помлада. Содржи незаситени масни киселини, калиум, железо, бакар, фосфор и магнезиум, витамин А и витамини Ц и Е и е еден од најдобрите извори на растителни влакна. Витаминот Е помага во спречување на брчки и е добар за сјајна коса и светла и мазна кожа, додека моно заситените масни киселини помагаат во намалување на холестеролот во крвта.
Темно чоколадо
Темното чоколадо што содржи минимум 70% какао ќе и помогне на кожата да се одбрани од негативните ефекти на токсините и да го спречи предвременото стареење на кожата. Научниците докажаа дека темното чоколадо е одличен извор на флавоноиди, соединенија со антиоксидантна активност кои се моќни сојузници во заштитата на кожата, особено од сончање и УВ зрачење.
Домати
Покрај тоа што се вкусни, доматите се добри и за одржување на здравјето на кожата, сето тоа заради моќниот антиоксиданс ликопен. Ликопенот делува како крема за кожа само за да обезбеди заштита одвнатре, а нејзините антиоксидантни својства ги штитат клетките од стареење и деструктивно дејство на разни токсини. Научниците исто така тврдат дека ликопенот помага во хидрирање на кожата и затоа препорачуваат луѓето кои остануваат во климатизирани простории подолго да јадат што е можно повеќе домати.
Ореви
Лешниците, оревите и бадемите се вистински извор на омега-3 масни киселини, кои имаат антиинфламаторно дејство и спречуваат акни. Покрај тоа, тие се богати со витамин Е, кој спречува рано појавување на брчки и мозолчиња. Тие треба да се консумираат во помали количини. Препорачаната дневна доза е, на пример, три до четири ореви или пет до шест бадеми.
Бобинки
Малина, капина, рибизли, брусница, боровинки и други бобинки се богати со антиоксиданти, кои се главните борци против слободните радикали. Слободните радикали ги оштетуваат мембраните и клетките на кожата, додека антиоксидантите ги штитат. Конзумирањето на бобинки го намалува ризикот од оштетување на кожата и обезбедува заштита од предвремено стареење. Боровинките се сметаат за најголем извор на антиоксиданти кои имаат анти-старосни ефекти заради нивното дејство.
Маслиново масло
Антиоксидансите во маслиновото масло помагаат во забавување на процесот на стареење, а витаминот Е ја штити кожата од УВ зраците. Покрај тоа, маслиновото масло е богато со моно незаситена олеинска киселина, која и помага на кожата така што длабоко да ја навлажнува и спречува појава на акни. Најдобро е да се конзумира сурово девствено маслиново масло, на пример со додавање во салати, за да дојдат до израз неговите корисни ефекти.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.