Тој е еден од најдобрите актери во Холивуд, награден со три Оскари, човекот кој го доживуваат како еден од најпосакуваните мажи дури и на оваа возраст.
Џон Џозеф Николсон или како што светот го познава, Џек Николсон е роден на 22 април 1937 година во Њу Џерси, Њујорк. Неговата мајка била театарска танчерка, а неговиот татко шоумен. Во 1974 година, магазинот People ја обелодени неговата лична семејна приказна која помалку наликува на тв сапуница, а еве и зошто: Сестра му Џун била всушност неговата вистинска мајка, а другата сестра му била тетка. Додека се дознало за оваа семејна драма, неговата мајка(односно жената за која тој мислел дека му е мајка) и баба му веќе биле починати.
Николсон за ова изјавил:
“Тоа беше навистина драматичен настан, но не би го опишал како трауматично искуство.”
Пред да се појави на големото платно во улога на актер, тој работел разноразни работи за познатите аниматори Хана и Бербера. Не им било потребно многу време за да го забележат неговиот талент и да му понудат работа, овојпат како аниматор. Но заради неговата преголема желба да биде актер, тој ја одбил понудата.
Филмското деби го доживува со улога во филмот “Cry Baby Killer” во 1958 година. После тоа, добива помали улоги во други филмови, најчесто од жанрот хорор. Во 60-те години имал потешкотии да добие каква било улога, причина заради која се посветил на пишувањето сценарија. Николсон ги напишал сценаријата за филмовите “Тhunder Island”, ”Flight to fury”,”Ride to Whirlwind” и “Head”. Meѓутоа, ниту еден од овие филмови не постигна голем успех.
Позабележителна улога остварил во филмот “Голи во седло” за кој има и номинција за Оскар. Тогаш е забележан и неговиот актерски талент. Инаку првиот Оскар го добива за улогата во филмот “Лет над кукавичкото гнездо”.
Со 12 номинации за оваа престижна награда, тој станува еден од најнаградените и најноминирани актери во историјата на филмот, заедно со Мајкл Кејн, Пол Њуман и Лоренс Оливие.
После првиот Оскар, следат уште два, со што овојпат местото за актер со најмногу Оскари го дели со Волтер Бренан, Даниел Деј Луис, Ингрид Бергман и Мерил Стрип.
Во 2013 година ја издаде својата прва биографија која е полна со лични и контроверзни приказни поврзани со неговиот живот.
На крајот, неколку цитати од овој голем актер:
- Ќе ви кажам нешто: Никогаш не им ги давајте на луѓето најдобрите совети, бидејќи тие и онака нема да ги следат.
- Долго време се плашев од тоа да останам сам. Треба да се навикнам на осаменоста. Имаше моменти во кои имав потреба да пoразговарам со некого. Но сега сакам да сум сам. Искрено, осаменоста е голем луксуз во кој уживам.
- Мојата филозофија е: живеј денес.
- Можете да ме повредите со вистината, но никогаш не ме лажете.
- Кога сум со очила јас сум Џек Николсон. Без нив сум дебел и имам шеесет години.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.