Black Friday секоја година пристигнува во последниот викенд од месец ноември, веднаш после Денот на благодарноста.
Што значи Black Friday и од кога потекнува?
Почетоците се од 1932 година, односно со овој термин започнуваат празничните купувања за сезоната пред нас.
Во минатото, повеќето трговци се придржувале на непишаното правило дека сезоната на празничните купувања не започнува се додека не помине Денот на благодарноста, така што продавниците не рекламирале празнични распродажби, се до петокот веднаш по празникот кога портите се отвориле и цел настан полека се претворил во нешто огромно. Името Black Friday официјално е добиено во 1966 година во Филаделфија после еден настан помеѓу армијата и морнарицата кој се одржал тогаш.
Но, во денешно време, Black Friday е оној ден кога цените на производите се намалуваат, а купувачите со нетрпение чекаат да се означи стартот на кампањата. Позитивните вибрации на Black Friday низ годините се проширија и на европско тло, па така години наназад се означува и кај нас.
Оваа година, Black Friday ќе се случува на 29 ноември, а парфимериите Аnabella во Скопје, Охрид и Струга ќе се вклучат повторно. Намалувањето на редовните цени на козметичката понуда и парфеми ќе се движи од 20% до 50%
Земете слободен ден, излезете порано од работа, поканете го менаџментот да дојде со вас бидејќи Black Friday се случува наскоро.
Шопинг терапијата уште еднаш ќе се покаже како најделотворна – не го пропуштајте викендот што следи и подгответе се за големо купување на висока козметика по одлични цени.
Најдобрите попусти следуваат во Anabella парфимерии!