Понекогаш во даден момент се случува целосно да заборавиме на некои мали нешта. Ја отвораме вратата и влегуваме во кујна за да земеме лажица и одеднаш се прашуваме што правиме и зошто сме дошле таму. Оваа појава е позната како „doorway effect“ и е знак дека нашиот мозок работи добро, така што нема потреба за загриженост.
Една научна студија од 2011 година покажала дека тоа е резултат на фактот што повеќе мозочни функции работат истовремено. Тие дошле до заклучок дека човечкиот мозок ги перцепира влезовите во собите како гранични точки. Мислите кои ни се во главата во тој просторен контекст наидуваат на ѕид по што мозокот се навикнува на новиот просторен контекст. Мозокот работи како еден вид „ментален компјутер“ бидејќи истовремено прави неколку функции: просторно прилагодување, движење и сеќавање. Секоја од овие бара внимание, а ние не можеме да се фокусираме на сите три функции истовремено.