Во денешниот свет на брзо живеење, огромен стрес и лоши навики, сепак постојат одлични состојки од природата кои можат да го стимулираат имунитетот и да се грижат за нашето здравје. За среќа, голем дел од нив може да ги приготвиме сами и многу едноставно.
Веројатно сите досега сте слушнале за зачинот куркума. Некој го користи како зачин, а многумина веќе го употребуваат во своето секојдневие “златното млеко“.
Но малкумина знаат дека куркумата во комбинација со мед е непроценлив природен лек.
Има многу силно антиинфламаторно дејство, кое не само што ги уништува бактериите кои предизвикуваат болести, туку и ја зголемува природната заштита.
За разлика од синтетичките антибиотици, овој лек нема негативен ефект врз цревната микрофлора.
Куркумата содржи куркумин, полифенол идентификуван како основна активна состојка, која постигнува повеќе од 150 потенцијално терапевтски активности и вклучува антиоксидантни, антиинфламаторни и антиканцерогени својства.
Конзумирањето на куркума и мед значително го подобрува варењето и ја зголемува активноста на корисната флора во цревата.
За тоа сведочат и потврдите на научната литература.
Во Ајурведата, ова е традиционален лек за настинка.
При првите симптоми на настинка подгответе смеса која ќе ја користите 3 дена.
Состојки:
100 гр мед
1 лажица куркума
Постапка:
Во 100 гр мед додадете 1 полна лажица куркума.
Добро измешајте и ставете во тегла.
Конзумирање:
Земете ги при првите симптоми на настинка:
Ден 1 – половина кафена лажичка на секој час, во текот на денот
Ден 2 – половина кафена лажичка на секои два часа
Ден 3 – три пати на ден по половина кафена лажичка
Вообичаено по три дена студот стивнува и телото се опоравува. Многумина наведуваат дека ја прекинале настинката со оваа смеса, без никакви апчиња.
Оваа смеса можете да ја користите и во сложениот третман на респираторните заболувања, земајќи по 1 лажичка три пати на ден во текот на неделата.
Можете да го додадете во млеко или чај.
Треба да знаете
Ако земате какви било лекови, консултирајте се со вашиот лекар. Особено ако страдате од хемофилија и хипертензија, бидејќи куркумата ја разредува крвта и го намалува крвниот притисок.
Но, освен што го намалува крвниот притисок, куркумата може да предизвика и пад на нивото на шеќер во крвта. Луѓето кои страдаат од дијабетес треба да се консултираат и со својот лекар.
Не консумирајте куркума доколку имате болест на жолчното кесе и таложење на камења во него, бидејќи куркумата предизвикува контракција на мускулите на жолчното кесе.
Извор: https://atma.hr/