Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Животот на Пјер и Марија Кири

518
Прегледи
Сподели на фејсбук

Двајца големи научници и сопружници кои сè до последниот здив неуморно работеле во полето на хемијата и физиката.

Марија Склодовска – Кири родена е на 7 ноември 1867 била полско-француска физичарка и хемичарка. Таа е пионер во областа на радиоактивноста, а подоцна станува првиот двократен добитник на Нобеловата награда (единствена жена) и единствениот добитник на Нобеловата награда во две различни области на науката, физика и хемија. Таа, исто така, е првата жена што била поканета да предава на Универзитетот Сорбона во Париз. Родена е во Варшава, но во 1891, на возраст од 24 години, се преселува во Франција да студира природни науки во Париз. Таму ги добива сите свои универзитетски дипломи и ја развива својата научна кариера, со што станува натурализиран граѓанин на Франција. Основач е на институтите „Кири“ во Париз и во Варшава.

f373fbae-8039-4b73-8d38-87442772ea68

Пјер Кири е роден во 1859 година, бил француски физичар и хемичар, пионер во кристалографијата, магнетизмот, пиезоелектрицитетот и радиоактивноста. Пјер Кири бел едуциран од страна на неговиот татко Јуџин Кири (28 август 1827 – 25 февруари 1910) и Софи-Клер Депули Кири (15 јануари 1832 – 27 септември 1897). Во неговите рани тинејџерски години, покажал силна способност, да решава разни задачи од областа на математиката и геометријата. На 18 години тој завршил магистратура, но не преминал брзо на докторските студии, поради недостиг на пари. Наместо тоа, тој работел како инструктор во лабараторија.

b949df76-1ff3-43b8-84e4-1c92fd0af965

Пјер Кири се запознал со Марија Склодовска кога негов пријател го претставил на неа. Се запознале на Универзитетот Сорбона. Тоа што го привлекло Пјер кај Марија била нејзината наклоност кон науката. Тој ја запросил, но таа првиот пат го одбила и покрај тоа што го сакала. Таа конечно се согласила да се омажи со него на 26 јули 1895.

Заедно, ги проучувале радиоактивните материјали, особено минералот уранинит, кој имал необично својство да биде порадиоактивен од ураниумот што се добивал од него. До 1898 година, веќе извлекле логично објаснување: минералот сигурно содржел примеси од некоја непозната радиоактивна супстанца, која што била многу порадиоактивна од ураниумот. Така, на 26 декември, Марија Кири го објавила постоењето на оваа нова супстанца. По неколкугодишна непрекината работа, рафинирале неколку тони од минералот, изолирајќи, на тој начин, радиум хлорид (на 20 април 1902 година), како и два нови хемиски елементи. Првиот го нарекле полониум, во чест на родната земја на Марија, а другиот радиум, поради интензивната радиоактивност.

043a701f-e9ed-4a4b-9810-e82acd81fcfc

Заедно со Пјер Кири и Анри Бекерел, ја добила Нобеловата награда за физика во 1903 година, „како признание за исклучителниот придонес во нивното заедничко истражување на феноменот на радиоактивноста откриен од Проф. Анри Бекерел“. Така, таа станала првата жена добитник на Нобеловата награда. Осум години подоцна, ја добила и Нобеловата награда за хемија во 1911 година, „како признание за нејзиниот придонес за напредокот на хемијата со откривањето на елементите радиум и полониум, со изолирањето на радиумот и со проучувањето на својствата и соединенијата на овој значаен хемиски елемент“. Необично, но намерно, Марија Кири не го патентирала процесот на изолирање на радиумот, со цел научните кругови да можат непречено да истражуваат.

Пјер Кири умрел во сообраќајна несреќа во Париз на 19 април 1906. Минувајќи по една париска улица на дождот, се лизнал и паднал под тешка кочија. Умрел на лице место кога едно од тркалата преминало врз неговата глава, кршејќи му го черепот. Марија Кири ја завршува својата животна приказна во 1934 година (во местото Санселемó, на југоистокот на Франција) заради апластична анемија, како последица од прекумерното озрачување во текот на нејзината работа, во период кога за штетните ефекти од радијацијата не се знаело доволно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: животидентитетимарија кири склодовсканаукапјер
Претходен пост

Прочитајте го писмото што Кралицата Елизабета го доби од нејзиниот татко на денот на нејзината венчавка

Следен пост

Фрида Кало: “Стапала, зошто сте ми вие кога имам крила да летам?“

Следен пост

Фрида Кало: “Стапала, зошто сте ми вие кога имам крила да летам?“

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.