Џенифер Лопез минатиот месец го прослави 50-тиот роденден. Родена е на 24 јули 1969 година во њујоршкото предградие Бронкс. Секогаш горда на своето потекло, редовно ја истакнува својата поврзаност со нејзината мајка Лупе.
„Мајка ми секогаш ми зборуваше дека со напорна работа може да се постигне се. И тоа е вистина. Дури и кога плачев и ќе се јавев на телефон, ќе ми кажеше – немој да ми се јавуваш и да плачеш, ти сакаше да бидеш во оваа работа, затоа ќе мораш да се зајакнеш“ – изјави во една прилика поп дивата.
На 21 година се преселила од Бронкс во Лос Анџелес заради снимање на хумористичната серија “In Living Color” во која се појавува во улога на танчерка. Додека се обдувала да успее во светот на шоу бизнисот, Џеј Ло извесен период спиела во студиото за танц каде што вежбала секој ден.
По нејзиниот ангажман во “In Living Color”, во 1995 година добива улога во филмот “Mi Familia” кој добил позитивни критики. Истата година го снима и “Money Train” каде партнер и е Весли Снајпс, а една година подоцна добива улога во филмот „Jack“ со Робин Вилијамс во главната улога.
Првата голема улога ја добива во 1997 година, кога ја глуми латино ѕвездата Селена во истоимениот филм, ангажман за кој добива и номинација за Златен Глобус.
Покрај глумата и танцот, таа најголемиот успех го доживува како пејачка. Деби албумот On the 6″ го издава во 1999 година, на кој се наоѓа синглот која ја вивна во облаците – “If You Had My Love” .
Низ годините, следат многу нови улоги и албуми, светот почека почнува да се „навлекува“ на нејзината музика и продажбата на албумите се повеќе да расте.
Приватниот живот исто така има турбуленции, посебно на љубовен план, зад себе има неколку брака. Првиот е во 1997 годинасо моделот и глумец Ojani Noa , но тој трае многу кратко. Веднаш потоа го запознава Puff Daddy , еден од нејзините најголеми љубови.
По завршување на турбулентната врска со раперот, се запознава со Cris Judd, парот во 2001 година се венча, а после 9 месеци бракот завршува. Следува врската со Бен Афлек со кого заедно глуми во филмот „Gigli“, а тој и гостува потоа во спотот за песната „Jenny from the Block“ .
Во 2004 година, ја раскинуваат врската. Истата година, ја започнува врската со Marc Anthony, љубов која завршува со брак и две деца. Следи љубовта со Casper Smart и Alex Rodrigez, со кого сеуште е во врска.
За себе и својот живот Џеј Ло вели во една прилика ќе каже:
„Ако се фокусирате само на парите, нема никаде да стигнете. Можете да сакате да бидете успешни, но на крајот од денот, ако само парите се мотивација, тогаш имате плиток поглед кон животот и имате празна душа. Имало моменти кога сум посакувала да не бидам јас. Гледано од страна, животот изгледа гламурозен, возбудлив, но во моменти на тага и очај, би се заменила со кој било друг. Во тие моменти, најлесно ќе беше да се повлечам“.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.