Брендот Floris е основан во 1730 година и во моментов прeтставува една од најстарите парфемски куќи во сопственост на едно семејство.
Главната продавница е сеуште на истото место, на оригиналната локација на познатата лондонска улица Jermyn и веќе е дел од историјата. Внатре уште се наоѓа оригиналниот ормар од махагони купен на голема изложба уште во 1851 година, како и многу предмети кои претставуваат вистински музејски артефакти кои ги наследува секоја наредна генерација.
Floris е единствениот парфимер кој е именуван од страна на британската кралица Елизабета и поседува „Royal Warrant“, печат кој означува дека тоа е бренд кој го користи кралското семејство и дека нуди врвна услуга и квалитет во сопствената област. Токму затоа, компанијата има дозвола да го прикажува кралскиот грб во своите простории.
Floris во моментов има два кралски печати, од Кралицата Елизабета II и од Принцот од Велс.
За да се добие печат од Принцот од Велс, важно е да се почитува политиката за заштита на животната средина, така што детално е испитано учеството на самата компанијата по ова прашање. Кралскиот печат е гаранција за купувачите дека добиваат производ со врвен квалитет.
Налогот за издавање на Royal Warrant документот се издава на име на добитникот на грантот во име на компанијата, а денес тоа е господинот John Bodenham Floris.
Само тројца членови на кралското семејство можат да издадат кралски грант, а тоа се: Кралицата Елизабета II, Војводата од Единбург (Принцот Филип) и Принцот од Велс (Принцот Чарлс).
Токму заради кралската гаранција, низ годините брендот создал мрежа на лојални клиенти, меѓу кои и многу познати личности како Сер Винстон Черчил, Дејвид Боуви, Мајкл Кејн, Бенедикт Камбербач, Мерилин Монро, Кејт Мидлтон и многу други.
Floris се гордее со фактот што на своите верни клиенти им нуди производи и услуги:
занает и стручност, бескомпромисен квалитет, љубов кон деталите, почит и голема посветеност кон се што се работи.
Безвременските и единствени креации на парфимерите на компанијата, прво поминуваат контрола на Edward Bodenham, сопственик и дел од деветтата генерација на семејството Floris. Edward и неговиот тим се наоѓаат на добро познатата адреса, улица Jermyn број 89, во парфимеријата каде што се креирани сите Floris мириси од 1730 година.
Компанијата нуди опција за изработка на парфеми по лични нарачки, како и можност повторно да се изработи некој од парфемите од „Книгата на историски мириси“ кои веќе не се во каталошката понуда.
Портфолиото на Floris ги обединува класичните мириси со внимателно развиените нови производи. Спектарот на производи ги опфаќа парфемите, колекциите за нега на тело, колекциите за нега после бричење и мирисите за домот.
Мирисите се поделени во 2 колекции, Private Collection и Signature collection.
Private Collection е најпрестижната колекција инспирирана од луѓето местата, сегашните и минатите случки од животот. Тимот на Floris внимателно ги одбира најквалитетните состојки кои се набавуваат од целиот свет, внимателно ги комбинира со цел да се изрази приказната која стои зад креацијата на најдобар можен начин.
Signature collection for Him е наменета за мажите, ја одразува благородната елеганција и неконвенционалниот дух на Лондон.
Signature Collection for Her е безвременска колекција на мириси за жени кои не ја следат моќта, туку своето срце, колекцијата која е инспирирана од драги места и личности.
Последниот мирис на Floris e Neroli Voyage кој е дел од семејството на мириси Citrus Marin.
Инспирацијата за неговото создавање е добиена од патувањата на директорот и сопственик, Edward Bodenham кој чекори по патот на неговиот предок Robert Floris.
Neroli Voyage ја црпи инспирацијата од прекрасните мирисни цветови на дрвјата со портокал кои се наоѓаат на југот на Франција, но и од патувањата чија цел е да се испита сопственото потекло.
Поаѓањето е од Антиба кон сончевата Француска ривиера, преку Лигурското Море до миризливиот остров Корзика и пошироко кон италијанскиот град Позитано. Пенлив, енергичен, свеж, ароматичен и романтичен мирис наменет за мажи и жени.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.