Во книжарниците на ТРИ денес започнува популарниот Зимски фестивал на книгата кој секоја година ја носи најдобрата книжевна понуда во градот. Настанот што традиционално ја заокружува читачката година и овој пат нуди неодоливи новитети, попусти на сите изданија, како и дополнителни акции, промоции и наградни игри кои ќе се случуваат од 21 декември до 31 јануари 2021, во книжарниците и онлајн.
Започнете ја Новата година со нови поглавја и исполнете го списокот за читање со актуелни и возбудливи приказни.
Големи попусти
Фестивалот носи разновидна понуда на книги од сите жанрови, со сезонски попусти од 20 до 70 % на над шестотини изданија на ТРИ и на Паблишер, избор од 60 наслови по специјална цена од само 99 денари, екстра попуст за купени 3 или повеќе книги и многу други изненадувања за читателите. Освен неповторливите понуди на цените и извонредните нови наслови, Фестивалот ќе понуди и инспиративна празнична еуфорија која ќе ве воодушеви – оригинално бесплатно пакување и мини честитка, како и изненадувања за најмладите.
Пакети со трајна вредност
Во пресрет на новогодишните празници и сезоната на подарување, Фестивалот нуди навистина квалитетен и широк избор на книги за подарок – за себе, за блиските и за подалечните, вредни дела од најразлични жанрови и за сечиј вкус. Креативно спакувани и со убава порака, новогодишните пакетчиња за деца и возрасни во ТРИ се подарок што секого ќе освои од прва.
Промоции
Фестивалот стартува со ексклузивна промоција на две нови книги од најчитаниот автор на трилери во моментов – Ју Несбе, романите „Жед“ и „Нож“, 11. и 12. продолжение од прочуениот серијал за инспекторот Хари Хуле. Следуваат ексклузивни нови изданија – романи од Харуки Мураками, трилери од Шари Лапена и Карен Мекманус, нови книги од гуруата Тони Робинс и Брајан Трејси, Ошо и Дипак Чопра, нов прирачник за личен развој „THRIVITY АКТИВАТОР“, психолошките бестселери „Детето во тебе мора да си го пронајде својот дом“ и „Ајде да ти раскажам“, многу нови и интересни изданија за деца – „Азбука“ на Стела и Сани, романи за деца од Ју Несбе и Мет Хејг и многу актуелни наслови кои можете да ги погледнете во фестивалскиот каталог: http://kniga.mk/pdf/Katalog.pdf.
Празнувај каде и да си
Фестивалот на книгата ќе се одвива во книжарниците на ТРИ – ГТЦ, Дебар Маало и ТЦ Зебра, но и онлајн на www.kniga.mk (понуда со изданија), www.prikazni.mk (блогот на ТРИ со сите информации и новини). Целата понуда на Фестивалот е достапна за онлајн нарачки, кои ќе пристигнат во вашиот дом за само неколку дена и во убава, новогодишна декорација.
За среќна и читачка Нова година полна со убави мисли и приказни – Зимски фестивал на книгата во ТРИ!