53 годишната ранцузинка Џулиет Бинош зад себе има успешна кариерка како актерка, уметник и танчерка. Се појавила во повеќе од 60 играни филмови и може да се пофали со бројни меѓународни награди.
Како силна, искусна жена, таа има многу да каже за себеси и за животот.
Во прилог прочитајте го интервјуто од ”The Talks” со прекрасната Џулиет која со сигурност ќе ве инспирира…
Г-ѓа Бинош, што најмногу се променило во вашиот живот последниве 20 години?
Што се смени? Добив ќерка. Се надевам и малку повеќе свест и знаење. Многу ми е тешко да одговорам на ова прашање, не знам зошто. Знам дека има некои книги кои ја променија мојата свест. Сметам дека во суштина не можеме многу да се промениме.
Не мислите дека е возможно човекот комплетно да се промени?
Изборите и постапките нè прават она што сме. И чувствувам дека најчесто реков “да” на работите што беа важни за мојот живот. Но, како искусна жена имам повеќе приказни да раскажам. Во нас жените, постојат различни слоеви кои можеме да ги истражиме. Имаме слобода која доаѓа со возраста, бидејќи вредности се менуваат. Од една страна, стануваме поранливи, а од друга страна има сила која доаѓа со таа кревкост.
Како мислите поранливи?
Па, физички и емотивно се менуваме и стануваме поранливи и кревки. Едноставно тоа е така. Има нешто друго што доаѓа. Оставаме некои работи зад нас и мораме да се соочиме со други предизвици. Треба да ги надминеме потребите за моќ, за поседување, за уживање – што се навистина големите три работи со кои човекот мора да се соочи во одредена точка. Тоа е предизвик, тоа е голем предизвик, но мислам дека кога навистина ќе се надминат тие потреби, постои слобода што доаѓа и чувството е прилично пријатно.
„Многу е поинтересно да се работи со доверба отколку да се работи со: Ќе имам контрола. Ќе го имам последниот збор.“
-Џулиет Бинош
Кој актер би го навеле што има поголема контрола од режисерот ?
Емануел Беарт еднаш ми раскажуваше за работењето со Том Круз. Таа сакаше да има сочувство за нејзината улога на крајот од „Mission Impossible“ . Том тогаш отишол кај режисерот и рекол: “Таа не може да игра вака!” Тој сакаше да го контролира тоа. Тој се грижеше неговиот карактер да изгледа подобро и нејзината улога требаше да изгледа лошо.
Од сите режисери со кои сте имале можност да соработувате, кој имал потреба да контролира најмногу?
Дефинитивно тоа би бил Мајкл Ханеке. Но, тој исто така има голема почит кон актерите. Знае колку е тешка нашата работа, но тој е многу конкретен за работите што ги бара и тоа е добро.
Дали си била во можност да го живееш животот слободно?
Oтсекогаш сум се чувствувала дека имам слобода при моите избори. На почеток, помалку слобода, се разбира, затоа што ми требаше за да заработам за живот, но животот беше многу корисен.
Мора да верувате дека работите доаѓаат во вистинско време. Многу е вознемирувачки што понекогаш луѓето мислат: “Не знам што ќе се случи следната година”, особено кога имате деца, особено кога имате сметки што треба да ги платите. Се прашувате како тоа ќе биде можно?
Се случува животот да дојде со изненадувања, како и лични предизвици, но и наоѓање на решенија за сите проблеми.
Значи, ако верувате во тоа, вашата посветеност кон животот ќе биде поинаква и ќе уживате во него со полни гради.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.