Вчера се одржа 72-то издание на BAFTA Awards во престижната Ројал Алберт Палата во Лондон.
Помеѓу објавувањето на добитниците, она што се истакна на овој настан беше говорот на наградениот Бред Пит.
Пит беше прогласен за добитник на награда за најдобар спореден актер, за улогата во филмот „Once Upon A Time In Hollywood“. За жал, тој не можел лично да присуствува поради приватни обврски и наградата во негово име ја подигна неговата колешка Марго Роби.
Таа го прочита и неговиот духовит говор, кој гласеше: “Здраво Британија, слушнав дека штотуку стана сингл, добредојде во клубот. Се надевам дека ќе го извлечеш најдоброто од преговорите за разводот.”
Покрај благодарноста упатена до Академијата, Тарантино и останатите, Марго држејќи ја наградата во раце продолжи: “Тој вели дека наградата ќе ја нарече Хари бидејќи е многу возбуден што ќе ја врати назад во Америка со него. Негови зборови, не мои.” – се оправда Марго.
Во видеото подолу можете да ја забележите и реакцијата на Кејт и Вилијам, која со сигурност покажува дека шегата не им се допадна иако се смееја со остатокот од публиката…
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.