Тренингот е сложен и систематски процес кој е составен дел во едукацијата од областа на секој вид танц. Тренерот е должен да го спроведе тренингот со добро познавање на методите, задачите, постапките и целите на тренажниот процес. Принципот на работа зависи од структурата и од возраста на групата во која ќе се спроведува. За таа цел тренерот мора да има изготвено план за успешна работа.
Нашата парола е дека не постојат помалку или повеќе талентирани деца туку постојат пристап, знаење и правилно применети методи од страна на тренерот.
Во програмата во Брејк а Лег има: техничка, кондициска и сценска програма.
Техничка програма: има задача да го воведе танчарот во новиот стил преку изучување и усовршување на техниката. Вежбите кои се спроведуваат за таа цел се следни:
-
Вежби за техника, наменети за координација на тело и простор
-
Методи применети за учење на стиловите
-
Принцип на контраст (вежби за брзо – бавно, мало – големо, тесно – широко и меко -силно движење)
-
Примена на другите танци, сѐ со цел усовршување на примарниот танц кој се изучува
Повеќе за програмата, погледнете на следниот линк: Breakaleg.com.mk
Автор на текстот: Андријана Петковски – Магистер по балетска педагогија при ФМУ