Убавото се дефинира како одлика на едно нешто кое низ сетилно (перцепција) или умствено искуство пробудува чувство на задоволство или чувство на пријатност и допадливост.
Во оваа смисла, убавината произлегува од нешта како формата, визуелноста, движењето или звукот. Она што го нарекуваме „убаво“, честопати се однесува на чувството кое се создава кај човекот од страна на предмети кои го имаат квалитетот на „убавината“, која пак се однесува на карактеристиките на еден предмет.
Разликата помеѓу она што е убаво и она што не е убаво варира од епоха до епоха и зависи од секоја личност засебно. Со други зборови, постојат различни толкувања на поимот од страна на различни мисловни школи и култури, кои можат видно да се разликуваат од она што вообичено на македонски се нарекува „убаво“.
Како познатите дами гледаат на убавината дознајте од нивните цитати…
„Најубавите нешта во животот не се видливи и не можат да се допрат, тие само се чувствуваат во срцето“ – Хелен Келер
„Убавината на жената не зависи од облеката која ја носи, нејзиното тело или пак начинот на кој ја чешла косата. Убавината на жената мора да биде видлива во нејзините очи, бидејќи тие се портите до нејзиното срце – место каде што владее љубовта.“ – Одри Хепберн
„Знаете кога се чувствувам најубаво? Кога сум во друштво на пријателките.“ – Џенифер Анистон
„Мајка ми е секогаш ми велеше: Без разлика колку и да е доцна, секогаш изми ја шминката. Секогаш!“ – Кетрин Зита Џонс
„Украси, која наука! Убавина, оружје! Скромност, елеганција! “ – Коко Шанел
„Кога жената ќе престане да руменее, го изгубила најсилното оружје од својот шарм.“ – Елизабет Тејлор
„ Кога ми приоѓаат жени со прашањето : „Дали и јас ќе изгледам како тебе откако ќе затруднам и родам?“ Јас им одговарам: „А дали и пред тоа изгледавте како мене?“
„Луѓе, не се залажувајте.“ – Хајди Клум
„Клучот на убавината е да гледате во некој кој вистински ве сака.“ – Џулија Робертс
„Понекогаш се случува жената да е поубава на 29 години, отколку што била убава 10 години порано.“ – Џејн Остин
„Убавината е во вас и се рефлектира во вашите очи. Не е физика.“ – Софија Лорен
„Убавината не произлегува од никаква причина, таа е она што е.“ – Емили Елизабет Дикинсон.
„Луѓето често велат дека убавината е во очите на оној кој надгледува, а јас велам дека е комплетно ослободувачки доколку сфатите дека вие сте оној кој посматра. Самото тоа нас не охрабрува да ја бараме убавината на места каде останатите не се ни осудуваат, вклучувајќи не и нас самите. “ – Селма Хајак.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.