„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.
Сè уште си мислам на последната лекција што ја доживеав во мојот живот, но исто така, си мислам и за тоа зошто не учиме од нив? И тогаш доаѓа моментот дека, ако не учиме од нив, тогаш воопшто не ни сметаме дека сме згрешиле
Не за друго, не малку пати, за сопствените лекции или од туѓите сме си рекле: „Ааааа од утре веќе менувам лист” и тоа менување трае само 3 дена и после сè е по старо.
Една од најголемите грешки што ги правиме и никогаш да научиме од нејзе е дека претпоставуваме дека секогаш учиме од нашите грешки. Тешко е да се научиш од своите грешки. Никогаш не сум сретнал некој кој всушност уживал во неуспехот.
Да бидеме искрени, никој не сака да прави грешки и да го изгуби своето време, енергија или пари. Затоа, треба да вложиме напори да научиме од работите што сакаме да не ги направиме.
Учењето од грешките не се случува автоматски – тоа бара размислување и размислување. Но зошто не научуваме ништо од нив или ако научуваме, тогаш е многу малку?
Веројатно затоа што:
- Им веруваме на луѓето и мислиме дека кај друга или со друга личност нема да ни се случи истото. Но за жал, откако ќе се случи истото неколку пати после тоа, разочарувањето е уште поголемо.
- Мислиме дека научените лекции не се апликативни на нас или на опкружувањето, па едноставно не им обрнуваме внимание.
- Самокритичноста ни е на мало ниво, односно за да почнеме да ги применуваме бенефитите од научените лекции потребна е прво да си признаеме дека сме „зезнале“ работа или некој не „зезнал“ и да извлечеме поука од тоа како може да биде подобро.. . а подобро може само ако не ги повторуваме грешките, а за за да не ги повторуваме, ќе треба да се промениме. Но…
- Никој не сака промени, а од научените лекции ќе треба да се случат многу промени. Промените знаат да бидат болни, како за самите себе, така и за околината.
Сепак, применувањето на бенефитите од научените лекции е долг процес и не иде тоа преку ноќ. Од искуство поврзано со оваа тема, првата научена лекција е проблематична, после тоа сите лекции полесно ќе ги прифатите.
А всушност, бенефитите од научените лекции се многу големи и на секој од нас може да му спасат пари, време, енергија и што се не. Но пусто тоа, знам дека џабе зборам, сепак сме луѓе и си дозволуваме да грешиме и веруваме дека нема повторно да се случи истото.
Со успех во промените,
@kalinbabusku
Член на тимот
МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг
Доколку сакате текстовите да ги добивате на Вашиот е-пошта или мислите дека некои Ваши колеги, соработници и пријатели треба да ги добиваат овие текстови, испратете ни ја/ги на tow@macedonia-export.com