Во петок, 26 јули, во Градскиот парк, кај Школка, со почеток од 19 часот, ќе се одржи креативна работилница посветена на нашиот главен град со наслов „Обој го Скопје“, инспирирана од боенката за возрасни посветена на главниот град – „Скопје 091“ на Васил Шемкоски-Шемко.
Работилницата се организира по повод одбележувањето на 56 години од скопскиот земјотрес, како дел од настанот „Самерленд“ во организација на Град Скопје.
На овој музички и креативен спектакл, освен богатата програма, сите посетители ќе имаат можност да си ги набават изданијата на Издавачки центар ТРИ за Скопје по специјални цени.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.