Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон, јавно објавија дека имаат коронавирус.
Во неговата објава на инстаграм, Том Хенкс изјави дека тој и неговата сопруга патувале во Австралија и таму пројавиле симптоми меѓу кои умор, болки во телото, покачена температура и слаба треска.
По задолжителните тестирања, се потврдило дека тие се заразени со КОВИД-19 и се во изолација.
Тие престојувале во Австралија, каде што Том Хенкс работел на својот нов филм, за животот на Елвис Присли.
Погледнете ја целосната објава на неговиот инстаграм профил:
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.