#ЗдравјетоПредСе #СпортувајЗаДаБидешЗдрав
Тоа е мотото на танцовите клубови Брејк а Лег, Аква и Ит Да Бит од Скопје кои снимија видео од заедничкиот тренинг што го одржаа на отворено на паркингот на СЦ Борис Трајковски. Спортувањето и здравиот начин на живот се основните предуслови за подобар имунитет во борбата со корона вирусот.
Спортот значи дисциплина, а тоа значи дека нашите членови ги почитуваат сите мерки и протоколи.
Досега за 2 и пол месеци немаме ниту еден случај на корона помеѓу нашите членови што е доказ дека танцот е безбеден спорт и протоколите за кои се изборивме се доволни за заштита на нашите членови и нивните семејства.
Мораме да го поттикнеме спортувањето во услови на онлајн настава каде ризикот од појава на физички деформитети значително е зголемен. Ова видео е поддршка до сите танцови клубови во Македонија и светот нивната пожртвуваност во создавањето на здрави генерации.