Францускиот дизајнер Emanuel Ungaro почина на 86 годишна возраст во Париз.
Креаторот е роден во провинцијата Aix-en-en, на југот на Франција во 1933 година.
Занаетот го научил од својот татко уште додека бил дете, а потоа се преселил во Париз, во раните 20ти години на минатиот каде што ја почнал кариерата како моден дизајнер. Работел за познатиот бренд Balenciaga од каде што ја научил дисциплината, строгоста и перфекционизмот.
Ungaro ја основал својата модна куќа во 1860 година опишувајќи се себеси како сензуaлно опсесивен креатор со репутација на храбри бои и принтови. Тој се пензионираше во 2005 година го продаде својот бренд. Подоцна имаше критички напрад врз модната куќа кога Lindsay Lohan краток период беше назначена за креативен директор.
Унгаро беше оженет и имаше ќерка, но во последните години остана надвор од центарот на вниманието.
Денес брендот продолжува да произведува женска мода, како и други производи, вклучувајќи парфеми и луксузен мебел.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.