Вчера се одржа годинешното издание шампионскиoт Super Bowl натпревар на американски фудбал во Мајами Гарденс, Флорида. Како и секоја година, на полувремето настапуваат познати имиња од американската музичка сцена, а меѓу таквите оваа година беа Шакира (43) и Џенифер Лопез (50).
Латино кралиците покажаа како се прави шоу и ги воодушевија присутните и оние кои го следеа натпреварот во живо од сите страни на светот.
Прво настапи Шакира, додека Џеј Ло ја презеде сцената следна. Заедно двете го затворија полувремето и уште еднаш ни докажаа дека знаат како да вледат со сцената и да ја забавуваат публиката.
Во прилог погледнете го целото шоу на полувремето:
Мора да признаеме дека изгледаат подобро од било кога, нели?
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.