Arthur Ashe е првиот Афроамериканец кој играл професионален тенис и победил на U.S. Open и Wimbledon. Тој сеуште останува првиот Афроамериканец кој има постигнато ваков успех, рангиран е како рекет број 1 на светско ниво и има место во Tennis Hall of Fame.
30 години по неговата смрт, сеуште е инспирација за многу спортисти. Токму затоа, пренесуваме дел од неговите најпознати цитати.
„Успехот е патување, не е дестинација. Тоа што правите најчесто е многу поважно од исходот.“
„Клуч на успехот е самодовербата. А пак важен клуч за самодовербата е подготовката“
„Вистинското херојство не е драматично. Тоа не е нагон да се надминат сите други по која било цена, туку внатрешниот порив да се успее, без разлика на цената.“
„Стравот не е изговор да запрете, да останете во место. Тоа поттик да се засилите и нападнете повеќе“.
„Го земам доброто со лошото и се обидувам да се соочам со двете најсмирено што можам со достоинство.“
„Важно е секогаш да подадеме рака за пријателство и достоинство и на оние што сакаат да се спријателат, но и на оние што би биле наши непријатели.“
„Мудар човек одлучува бавно, но се придржува кон одлуките“
“Расизмот не е изговор за да не дадеете се од себе”
“Секогаш сум се обидувал да бидам верен на себе, да ги одбирам битките кои сум чувствувал дека се важни. Мојата крајна одговорност е кон самиот себе. Никогаш не би можел да бидатм ништо друго.“
Извор:https://www.entrepreneur.com
При објавување материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот