Како станавме предмет? Во мое време, некаде пред педесет години, жените одеа низ светот полуголи, градниците не беа во мода, тогаш имаа право да одат со “обесени гради“, целулит и старост. Се бањавме без костими, на јавните плажи и никој поради тоа не им ги криеше очите на децата. Бевме луѓе, не предмети!
Денес? Денес случајно прочитав како една портпаролка на фудбалски клуб станала “Врела женска“. Ја видов Врелата женска. Не знам што им зборуваше на собраните новинари. Покрај нејзе полугола, седеше еден потполно облечен маж и видно се смешкаше. Сопственикот на порталот вниманието на читателите го насочи кон нејзините фотографии во бикини. И навистина, на Инстаграм, Жешка е уште пожешка.
Сигурна сум дека се разбира од фудбал. Ме интересира дали работата ја доби заради тоа што се разбира или затоа што е “жешка“. Нема да дознаеме одговор. Ова е валидно само доколку не се зборува за корона…
Интересно, кога се работи за корона, жената не треба да биде “жешка“, напротив, ако на некој начин е привлечна, како српскиот епидемиолог Дарија Кишиќ – Тепавчевиќ тоа може да и биде само минус. Денешните мажи и понекоја жена сметаат дека “сексипилот“ исклучува памет. Затоа на србите им беше толку тешко да се навикнат на фактот дека госпоѓа Кишиќ – Тепавчевиќ е паметна.
Јадни жени. Ако не си “жешка“ кој те врти, ако си и се занимаваш со сериозна работа, треба да те откачат. Во “сериозните“ бизниси има место за жени, но затоа мора да се покријат цели затоа што ако облечат малку посветла гардероба, нивните гради асоцираат на “сексуалност“ што е недозволиво во машкиот свет.
Амбициозните жени, особено оние во шоубизнисот брзо ја научија својата лекција. Сите оние кои не мислат дека на фотографите или своите мобилни телефони не треба да ги покажат своите испакнати усни, нема да станат ѕвезди.
Затоа секоја пејчка, тв новинарка, глумица која држи со себе има напумпана усна, задник, трепки, образи…На Инстаграм се тоа сиротата ќе го помине низ филтер дури и оние бори кои не може да се сокријат со хијалуронот. Градите мора да бидат петка, струкот потенок од врат на пиле, а задникот поголем од огромни лубеници кои никаде ги нема.
Жени кои се занимаваат со јавна работа не смеат да бидат постари од 35 години дури ни тогаш кога сите знаеме дека наполниле 70.
Истовремено, седумдесетгодишниот Здравко Чолиќ, закопчан од грло убива со својот глас исто како и за “време Тито“. Додуша за него тв водителите не пропуштаат да нагласат како за него лудуваат“ сите жени, а тој сепак на концертите не доаѓа во костум за капење.
Дали се самите жени криви што мора да изгледаат како проститутки за да можат да се бават со сериозна работа? Не. Ние живееме во време каде никогаш жените не биле на пониска граница. Од мали им се продава дека градите, задникот, тело без целулит, ниедно влакно на телото се најважни. Или се НИШТО.
Треба ли да се бориме против тоа? Како? Кој? Таканаречените “паметни“ жени, уметници, писателки, спортистки, политичарки, жени кои својот живот го вложиле во кариерата учејќи и крваво работејќи, знаејќи дека не вредат доколку на Инстаграм не се појават голи.
На денешните жени можат да им помогнат модерните, моќни мажи. На кои не им паѓа на памет. За нив жените се кукли со краток рок на траење. Додуша… И тие се почесто одат по клиниките за пресадување на коса или задник без масти. Веста дека Бекам проќелавел беше погласна од тоа што се очекува веста за исмислувањето на вакцина против корона ќе биде.
Жените сакаат со напумпани задници да ги привлечат машките паднати задници. Не е ли тоа толку црно? Најпосле живееме во свет во кој мажите и жените се еднакви.
Ако се тоа што слушаме стварно мажите? Ако се тоа што гледаме стварно жените?
Извор: Rudan.info