Бри, Линет, Габи и Сузан – очајните домаќинки кои сите просто ги обожаваме. Иако од крајот на последната сезона се поминати многу години, популарноста на оваа серија не е намалена.
Секогаш е одлично да се потсетиме на нивните животни драми и проблеми и да научиме корисни нешта од начинот на кој тие се справуваат со своето секојдневие.
Од овие ликови научивме многу за љубовта, пријателството и семејството. Тие не расплакале и насмеале. Во прилог, погледнете дел од највпечатливите мисли на очајните домаќинки.
„Добрите пријатели ќе ви бидат поддршка кога ќе се случи нешто лошо. Одличните пријатели ќе се однесуваат како ништо да не се случило.“ -Габриел Солис
„Мојата замисла за совршена венчавка постојано се менува. Еден ден сакам бели рози, друг ден лилјани. Само едно нешто останува константно и гледам во него. Зошто би ми требало нешто друго за мојата венчавка да биде совршена?“ -Сузан Мајер
„Ниедна победа не доаѓа бесплатно.“ -Мери Алис (наратор)
„Јас сум ти мајка, а мајките не ги лажат своите деца. А сега, оди измиј ги рацете или Дедо Мраз нема да ти донесе подарок за Божиќ.“ -Линет Скаво
„Спротивното од љубовта не е омраза. Тоа е рамнодушноста. Ако ме мразиш, тоа само значи дека се уште се грижиш.“ -Бри Ван Де Камп
„Бракот е како овие бонбони. Не знаеш со што се соочуваш, се додека не стигнеш до средината.“ – Сузан Мајер
„Знаеш колку ми беше досадно? Бев олку блиску да ја исчистам куќата.“ -Габриел Солис
„Те сакам бидејќи наоѓаш начини да ме пофалиш во ситуации кога имаш право да кажеш ‘Ти кажав’. -Сузан Мајер
„Ги немам сите одговори и како жена немам намера да си играм со своите мисли поради вистината. Можам јасно да ги кажам проблемите и да кажам дека страдам од нив.“ – Линет Скаво
„Дали те молам, можеш да ја затвориш вратата на твојот пат надвор од мојот живот?“ -Бри Ван Де Камп
„Дали ги гледаш тие нозе? Како може да не сакаш да бидеш во брак со тие нозе?“ – Сузан Мајер
„Довербата е кршлива. Кога еднаш ќе се заслужи, ни дава огромна слобода. Но, кога еднаш довербата ќе се изгуби, невозможно е да се поврати целосно. Секако, вистината е дека никогаш не може да знаеме кому може да веруваме. Најблиските може да не предадат, а тотални странци може да не спасат. На крајот, повеќето луѓе одлучуваат да си веруваат само себеси. Тоа е наједноставниот начин да се заштитиме.“ -Мери Алис (наратор)
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот