Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Соништата стануваат јаве! – Блесни со Bourjois во Париз!

124
Прегледи
Сподели на фејсбук

Се будиш во романтичен хотел кој се наоѓа во градот на безвремената убавина, со широка насмевка на лицето и огромна возбуда за авантурата што ќе ја доживееш во претстојниот ден. Удобно се сместуваш на терасата, воодушевувајќи се од погледот во кој е исцртана Ајфеловата кула и со сласт уживаш во извонредниот вкус на францускиот кроасан и топол напиток. Какво совршено утро!

Се упатуваш кон бањата да го започнеш овој волшебен ден со топол туш. Повторно го насочуваш погледот кон балконот, ја местиш облеката што совршено ќе ти прилега за да чекориш по француските улици и го земаш несесерот полн со Bourjois шминки за да ја истакнеш твојата убавина. Се подготвуваш да изгледаш магично за твојот незаборавен ден.

Секогаш го правиш најдобриот избор, па така знаеш дека декоративната козметика на Bourjois е создадена за тебе. Карминот идеално ги истакна твоите усни и одлично се вклопи со твојата насмевка, маскарата ти го зајакна сјајот на погледот, пудрата ти ги прикри сите несовршености, а руменилото перфектно ти ги нагласи цртите на лицето.

Облеката е на твоето тело, ти си целосно подготвена и авантурата може да започне! А, и твоите пријатели се веќе подготвени! Дали го направиле и тие вистинскиот избори? Секако!

Вие тројца сте во Париз и изгледате магично благодарение на вашата позитивна енергија и шминките на Bourjois, свесни дека внатрешниот и надворешниот изглед секогаш се надополнуваат и усогласуваат!

Прва дестинација – се восхитувате на богатата историска француска уметност во најпознатиот музеј на светот – Лувр, задржувајќи го погледот на едно од најзначајните уметнички дела „Мона Лиза“. Импресионирани продолжувате да ги уживате париските убавини.

Следна на листата е  магичната авенија „Шанзелизе“! Излози полни со уникатни парчиња кои ја отсликуваат француската мода, автентични кафулиња, историски обележја, културни знаменитости и глетка која никого не остава рамнодушен.

Време е за сумирање на импресиите, макаронс во пастелни бои и мирна прошетка покрај реката Сена.

Уживате во среќниот израз на лицата на парижаните, големата возбуда на другите туристи и зајдисонцето од друг агол на Ајфеловата кула. Среќна и задоволна, го извади карминот Bourjois од твојата чанта, ја поправи шминката и гледајќи кон месечината која отсјајува кон Триумфалната капија, се упати на вечера со твоите пријатели. – Ова е твојот сон што твојата омилена декоративна козметика Bourjois ти овозможува да стане јаве!

Негувај ја твојата кожа со врвните производи и учествувај во наградната игра со која имаш можност да освоиш патување во Париз, а на таа авантура ќе понесеш и двајца твои пријатели.

Се што треба да направиш е да купиш Bourjois производи во вредност од 1.200 денари, да го скенираш QR кодот и да ги внесеш твоите податоци.

Bourjois за петмина учесници подготви пет пакети кои вклучуваат шопинг картички во вредност од 6.000 денари, Bourjois производи и професионална шминка во  Модно студио „Фран“, како и 20 пакети со Bourjois производи. Овие прекрасни подароци можат да бидат ваши, а при тоа да ја заштитите и негувате вашата кожа со користење на декоративна козметика со врвен квалитет која ја отсликува француската елеганција.

Наградната игра трае до 15 јануари 2025 година и претставува исклучителна можност, новата година да ја започнеш со магично патување кое ќе го паметиш засекогаш.

Bourjois, декоративната козметика, која е синоним за париски стил и убавина, нуди лесни и природни текстури, како и богата палета на нијанси, кои ја истакнуваат природната убавина на кожата.

Не ја пропуштајте оваа можност, вклучете се во наградната игра и освојте патување во Париз!

 

Претходен пост

dm ДРОГЕРИЕ МАРКТ ЗАСАДИ 400 НОВИ ДРВЈА ВО ГРАДИНКА „СОНЧОГЛЕДИ“ И ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ „СЛАВЕЈКО АРСОВ’’ ВО ШТИП

Следен пост

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Следен пост

Со 100.000 засадени дрвја, dm дрогерие маркт успешно ја круниса третата година од еко-проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.