Во обидот да ја протолкуваме среќата и денеска запрашавме неколку луѓе, среќни и насмеани, да ни раскажат како тие ја сфаќаат среќата.
Росица П. Голабоска, новинарка
Единствено додека мечтаеме длабоко во ноќта, го живееме животот онака како што посакуваме. Но,во животот ништо не е засекогаш дадено, оти животот не е парче задоволство. Понекогаш човек треба да се оддалечи за да види одблизу, ама не се оди никаде за да те снема од секаде. Минливоста му дава смисла на животот. Не уништувај си ја радоста,туку собери ја,соберија и најмалата радост. Секоја од нив е вредна како златник од чисто злато. Среќата не ги сака слабите.Таа се предизвикува, се освојува, со еден збор-се заслужува.Единствениот пат кој води до неа, е оној на мудроста и истрајноста. Има една убава мисла на Тагоре, која вели : ,,Пресеченото стебло станува трупец -огревно дрво што ќе ве стопли,но тоа никогаш нема да донесе живи цветови и плодови” Убавината на секое ново изгрејсонце е доволно добра причина да се живее својот живот. Ти му даваш убавина на својот живот, а не тој тебе. Преку себе, пронаоѓај се себе си. Секој во животот има онолку среќни и несреќни мигови, колку што поседува (раз)ум, но и лудост !
Никола Пројчевски, актер
Среќа е своето и здравјето на блиските свои!
Ана Тодевска, радио-водителка
Среќа е секојдневно да се прегрнуваат и бакнуваат саканите. Среќа е блесавото и безгрижно дете во мене, топлите и искрени насмевки, добрата музика, работата што ја сакаш, љубов во неограничени дози. Да се биде човек е среќа. Среќа е кога и двајцата сакаат. Среќата не бега од мене, зашто сум задоволна со она што го имам. Посакувам во сите срца љубов и среќа…
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.