Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Се сними последната епизода на “Suits”

55
Прегледи
Сподели на фејсбук

После 9 години, адвокатската серија “Suits”  дојде до својот крај.

По заминувањето на Рејчел (Meghan Markle), Мајк (Patrick J. Adams) и Џесика (Gina Torres) на крајот од 7-мата сезона, режисерите мораа да смислат начин како да го задржат вниманието на фановите, покрај новите ликови кои го заземаа нивното место.

Што е подобро од долгоочекуваната романса помеѓу Харви (Gabriel Macht) и Дона (Sarah Rafferty) ? Токму тоа стана реалност на крајот од 8-мата сезона и сите со нетрпение очекувавме што ќе се случи следно.

Во тек е прикажувањето на 9-тата сезона, а 7-мата епизода ја очекуваме во среда, на 4-ти септември 2019 година. Последната сезона наводно ќе има само 10 епизоди и токму онаа финалната заврши со снимањето. 

Сите актери на своите инстаграм профили споделија емотивни фотографии и видеа од изминатите 9 години и моменти поминати заедно. Го кажаа своето “збогум” со фановите и изразија благодарност за сета подршка од нив и од целиот тим.  Да, и вие ќе ни недостасувате – тоа е сигурно.

Додека актерите се присетуваат на нивните најдраги спомени од снимањата, наше е да се потсетиме на животните вредности кои ги научивме од “Suits”:

Лојалност

Позади тешкиот и самоуверен карактер на Харви, се криеше рането момче кое тешко се справува со своите емоции и не верува лесно секому. Но, кон оние што чувствуваше близина и поддршка, покажа неверојатна лојалност – по вистинска дефиниција на поимот. Сите моменти кога застана позади Мајк, Џесика и Луис и сите нешта што ги направи за да ја заштити Дона ја покажаа неговата лојалност, а истите нешта нормално ги бараше за возврат. Токму тоа беше најсилната врска помеѓу главните ликови во серијата – Секој секому го чуваше грбот!

Амбиција

Серијата ни покажа дека луѓето што се преамбициозни можат да бидат исто така себични и да направат многу неморални нешта само за да ја постигнат замислената цел. Сепак, ако нешто добро научивме е дека навистина постои КАРМА и ниедно дело не е без своја последица. Ликовите не научија дека е во ред да си амбициозен и да се стремиш кон врвот, се додека не газиш некој додека го искачуваш патот.

Искреност

На лагата и се кратки нозете, а токму тоа се докажа во многу ситуации од приказната на адвокатите. Вистината, колку и е да лоша и непријатна, секогаш се цени многу повеќе дури и од нејзиното премолчување. Во тоа силно веруваа Харви и Дона, ликовите кои најмногу ја презентираа искреноста како важна и позитивна особина на личноста.

Став

Ликовите во серијата, особено жените – не се плашеа да го заземат својот став за одредена ситуација и гласно да го искажат своето мислење. Не молчеа пред неправди и се бореа за себе, како и за луѓето кои најмногу им значат.

Неверојатно е колку одредена фиктивна приказна од телевизиските екрани може да  влијае на многу животи. На нас останува, како гледачи да ги извлечеме сите позитивни лекции и да се потрудиме да ги примениме во нашиот живот.

Кажувајте ја вистината, бидете лојални на луѓето кои ги сакате, нека се чуе токму вашиот глас и не се откажувајте од сопствените амбиции – Затоа што колку и да изгледа тешко кога чекорите по моралниот и праведен пат, на крајот секогаш ќе вреди.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Претходен пост

Се сеќавате на Natalie Imbruglia и нејзиниот хит “Torn”?

Следен пост

Денеска маршраме до Рамстор Мол заедно со Ивце Пивце

Следен пост

ФРАНЦУСКИОТ БРЕНД NINA BOX СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.