Natalie Imbruglia e австралиско-британска пејачка-текстописец, модел и актерка – на јавноста позната по улогата Beth Brennan во серијата Neighbours која ја глумела од 1992-1994, како и по хитовите “Torn” и “Wrong Impression”.
Нејзините песни до ден денес повремено можеме да ги чуеме на радио, но денеска Natalie не е толку активна на музичката сцена како некогаш.
Талентираната пејачка беше судија во втората сезона на австралијанскиот X Factor во 2010-та година по што продаде 10 милиони албуми ширум светот.
За нејзиниот приватен живот никогаш не се знаело премногу, не повеќе од она што таа го презентирала на јавноста. За Natalie знаеме дека е постара сестра на пејачката Laura Imbruglia и дека во 2003-та година стапи во брак со Daniel Johns со кого била во врска 3 години претходно, но во 2008-ма година тие изјавиле дека се разведуваат поради тоа што живееле премногу далеку.
Денеска, таа е во своите 40-ти години и знаеме дека е се уште сингл, но и дека го очекува своето прво бебе.
На 24-ти јули годинава, Natalie на своите профили на Facebook и Instagram објави дека го очекува своето прво бебе, по пат на вештачко оплодување со донор на сперма.
“Го очекувам моето прво дете есенва. За оние кои ме познаваат, ова е нешто што го сакав многу долго и сум благословена што конечно станува реалност, со помош на ин витро и донор на сперма – Нема да кажам ништо повеќе за тоа јавно.”-изјави Natalie.
Покрај оваа вест од приватниот живот, Natalie исто така изјави дека наскоро можеме да го очекуваме нејзиниот нов албум.
„Многу сум возбудена за оваа следна авантура … нов албум и ќе станам мајка!” -напиша таа.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот