Познатиот ирски писател, романсиер и поет е роден на денешен ден, 13 април во 1906 година.
Семјуел Бекет, кој сигурно го паметите благодарение на безвременската трагикомедија „Чекајќи го Годо“ се сметал за атеист кој верувал во Бог и најмногу му замерувал поради тоа што не постои. Ја носел ”титулата” претставник на т.н. „театар на апсурдот“ – модернистичко движење во книжевниот свет.
Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1969 година за творештво преку кое човековата мизерија ја претвора во радост.
Бекет верувал дека апсурдот владее со светот и дека самото човеково постоење е апсурдно. Во чест на неговото творење, ви издвоивме дел од најдобри цитати…
– „Сите ние се раѓаме луди. Некои остануваат такви.“
– „Прво танцувај. Подоцна размислувај. Тоа е природниот ред на нештата.“
– „Ете што ти е човек: постојано ги обвинува своите чизми за мааните на сопствените стапала.“
– „На Земјата си. За тоа нема лек.“
– „Можеби се сум сфатил погрешно, но важно сум сфатил и тоа е новост.“
– „Некогаш се обидуваш. Некогаш не успеваш. Не е важно. Обиди се повторно. Падни повторно. Падни подобро.“
– „Солзите во светот се постојани. Секогаш кога некој ќе почне да плаче, некаде некој друг престанува да плаче. Истото важи и за смеењето.“
– „Животот е навика. Или попрво, животот е крајниот резултат на низа навики.“
– „Зборовите се сѐ што имаме.“
– „Дали мислиме на љубов кога велиме љубов?“
– „Не се каам за ништо. Единственото нешто за што се каам е тоа што сум се родил. Умирањето е многу здодевна и напорна работа.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот