Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Само една работа е потребна за да успеете во животот

147
Прегледи
Сподели на фејсбук

Тежок е патот до славата и успехот во бизнисот. Но, не и невозможен. Доколку го откриеме вистинскиот начин, сето тоа ќе биде полесно и многу подостапно за нас.

Постојат бројни истражувања за успехот во работата и од нив може да дознаеме многу, но нам едно од нив ни го одзема вниманието во целост.

Овде, за првпат научниците велат дека успехот не се базира врз основа на среќата, образованието, паметот или убавината.

Истражувањата покажале дека постои само една работа која е клучна за успех. Тоа е развиена отворена мрежа околу себе.

Што е тоа отворена мрежа?

Претприемачот Мајкл Симонс, кој стои позади овие истражувања вели дека голем број луѓе во текот на работниот век, имаат околу себе затворена мрежа. Тоа значи дека се опкружени со истите луѓе во текот на целата кариера. Се движат во истите кругови, истата индустрија, религија или пак политичка партија. Нивните пријатели се истите оние кои ги имале во детството и ретко покажуваат интерес за ширење на кругот.

Ова до некаде е сосема нормално, бидејќи природно е човекот да создаде свој затворен круг од истите луѓе од причина што ним може да им верува. Луѓето кои ги познава подолго време ја имаат неговата доверба и добива чувство дека му се сосема доволни.

Од друга страна, отворената мрежа значи поврзување со сосема различни луѓе од сосема различни средини. Овие луѓе имаат веќе изградено свои мрежи во кои ќе ве вметнат и вас. Ќе го запознаете нивното опкружување, ќе дознаете повеќе за различни области и секако, ќе научите многу нови различни работи.

Контактот со различни луѓе од вас ќе влијае врз вашиот креативен потенцијал со комбинирање на нови идеи од различни полиња.

Иако не се сите луѓе расположени за контакт со различни од нив луѓе, Симонс смета дека тоа би требало да се надмине, доколку се стремат кон успех. Со отворена мрежа, успехот е неизбежен.

Претходен пост

Македонскиот “Доктор за пица“ Зоран Јовановски, со своја Академија за пица мајстори во Шведска

Следен пост

Ако утре е последен ден на земјава, што би направиле?

Следен пост

Ако утре е последен ден на земјава, што би направиле?

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.