Ријана е исклучителен поп идол, секс икона и жена која докажува дека можеме да станеме што и да посакаме, ако силно се бориме за тоа.
Сепак, кога се работи за изгледот таа е исто така обично женско битие, склоно кон добивање на вишок килограми. Ријана во изминатиот период беше тема на озборување токму за својот изглед и добиваше многу негативни коментари за нејзината тежина.
Мораме да признаеме дека и покрај очигледната промена, Ријана дефинитивно знае како да го носи и новото полничко тело. Свесна за себеси и својата градба, таа во најновото интервју за „Вог“ изјави дека нејзиното тело претрпело многу варијанти низ годините, но ги прифатила ”сите свои тела” и научила да ги сака.
Нам ни преостанува да продолжиме да и се воодушевуваме и да научиме нешто од неа за самодовербата и љубовта кон својот телесен храм.
– „Можеби никогаш нема да бидете доволно добри за сите, но секогаш ќе бидете најдобри за некој.“
– „Всушност потешко е да се биде ранлив, отколку силен.“
– „Повреди ме со вистината. Не ме утешувај со лага.“
– „Мислам дека многу луѓе се плашат да бидат среќни поради она што другите ќе го помислат.“
– „Луѓето ќе зборуваат, без разлика дали правиш нешто добро или лошо.“
– „Не криј се од она што си.“
– „Кога ќе сфатите за кого живеете и кој е важен за да му удоволувате, тогаш всушност ќе почнете да живеете. Никогаш нема да се заробам во тоа. Ќе го погледнам мојот живот и ќе кажам дека уживав во него – го изживеав за себе.“
– „Треба само да го прифатите вашето тело. Можеби нема секогаш да го сакате, но треба да се чувствувате удобно во него, знаејќи дека тоа тело е само ваше.“
–„Никој нема да може да разбере како сте се чувствувале, се додека не изгори во истиот оган.“
– „Побарајте прочка од Бог оставете го вашето каење во минатото.“
– „Секако, сакате да направите нешто поинаку. Но, нема смисла да станете опседнати со жалење за нешта кои не даваат простор за промена.“
– „Речиси се чувствуваш засрамен, дека некој би можел да стане толку важен што без него ќе се чувствуваш како да немаш ништо.“
Поврзана содржина: Таа е повеќе од обична поп-ѕвезда: 20 лични прашања кои Ријана ги одговори без влакна на јазикот (http://hybread.mk/taa-e-povekje-od-obichna-pop-zvezda-20-lichni-prashanja-koi-rihanna-gi-odgovori-bez-vlakna-na-jazikot-1/)