Далај Лама е титула дадена на духовните водачи на тибетскиот народ. Тие се дел од најновата школа за тибетски будизам – “Жолта шапка”.
Од времето на петтиот Далај Лама, неговата личност секогаш била симбол на обединување на државата Тибет, каде што ги претставувал будистичките вредности и традиции.
Моменталниот човек кој ја носи оваа титула е Тензин Гјатсо, кој воедно е и 14ти Далај Лама кој ги шири своите животни мудрости…
Во прилог погледнете дел од нив…
-Мојата религија е многу едноставна. Мојата религија е љубезност.
-Ако сакате другите да бидат среќни, практикувајте сочувство. Ако сакате да бидете среќни, практикувајте сочувство.
-Љубовта и сочувството се потреби, а не луксуз. Без нив човештвото не може да преживее.
-Следете ги трите правила: почитувајте се себеси, почитувајте ги другите и преземете одговорност за своите дела.
-Старите пријатели минуваат, се појавуваат нови пријатели. Тоа е исто како и деновите. Стариот ден поминува, доаѓа нов ден. Важно е да се направи тоа значајно: значаен пријател – или значаен ден.
-Со цел да се спроведе позитивна акција, мора да развиеме позитивна визија.
-Спокојниот ум носи внатрешна сила и самодоверба, така што е многу важно за добро здравје.
-Секогаш имајте на ум дека големата љубов и големите постигнувања со себе носат и голем ризик.
-Среќата не е нешто однапред подготвено. Таа се раѓа од вашите сопствени акции.
-Мерете го својот успех по она од што моравте да се откажете.
-Еднаш годишно одете на некое место каде не сте биле никогаш претходно.
-Прифатете ја промената, но не се одрекувајте од своите вредности.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот