Доколку ви се здосадија американските филмови, ви предлaгаме три непредвидливи трилер мистерии на шпански јазик.
1. Contratiempo / The Invisible Guest (2016)
Додека часовникот отчукува, со помош на експерт за подготовка на сведоци, успешен претприемач кој е обвинет за убиство има помалку од три часа да излезе со непоборлива одбрана. Со Марио Касас, ѕвездата од Tres metros sobre el cielo во главна улога, овој превртлив трилер ќе ве воодушеви.
2. El cuerpo / The Body (2012)
Еден детектив длабоко навлегува во истрага за смртта на една жена чие тело мистериозно исчезнува од мртовечницата…
Во овој филм имаме чест повторно да ја видиме русокосата Белен Руеда на филмските екрани, која се прослави со играната серија Los Serrano (приказна за семејството Серанови), која се емитуваше токму и на нашите телевизиски програми.
3. La cara oculta / The Hidden Face (2011)
Разнишан од неочекуваните вести, диригенот на аспирант оркестар е збунет и изгубен поради мистериозниот и навидум необјаснив случај за исчезнувањето на неговата девојка. Една од главните улоги е Клара Лаго, која ја знаеме од филмот Tengo ganas de ti, второто продолжение на Tres metros sobre el cielo.
Ви посакуваме убав викенд!
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.