Во ТРИ пристигна еден поинаков прирачник, наменет за едукација на сите родители. Бидејќи децата се нашата иднина, а здравите деца значат здрава и сигурна иднина, четворица специјалисти од областа на педијатријата и детскиот развој посветено работеа на оваа книга што ќе им помогне на многу родители да се справат со тешкотиите на раното детство.
Според авторите Ангелчо Андоновски, Татјана Јаќовска, Силвана Филипова и Ана Попоска, периодот од раѓањето до петтата година е најчувствителен во животот, полн со бурни промени во сите сегменти од развојот. За правилно и навремено препознавање на симптомите и совладување на состојбите, потребен е квалитетен прирачник во кој ќе има објаснувања за најчестите состојби со кои се среќаваат децата, како и препораки за нивен третман.
Благодарение на овој „Педијатриски прирачник“, секој родител ќе може да се снајде во решавањето на секојдневните здравствени проблеми кај своето дете, покажувајќи адекватна грижа за своето потомство.
Согледувајќи го значењето на ваквите прирачници, ТРИ придонесува и тежнее кон што е можно поголема пристапност на знаењата на специјалистите, за здраво растење на децата и за здрави идни генерации.