Наследникот на компанијата која има долгогодишна традиција во производство на коњак, станува пионер во промовирање на луксузот. Kilian Hennessy одлучува да ја продолжи семејната традиција. Создавањето на нов луксузен бренд дефинитивно станува предизвик достоен на неговите претходници, сеќавајќи се на успехот на „Angels Share.“
После дипломирање продолжува да се усвршува по менторство на најголемите парфимери во светот на мирисите. Во тоа време, работи за престижни парфемски куќи како што се Christian Dior, Paco Rabanne, Alexander McQueen и Giorgio Armani.
Во 2007 година, Kilian го лансира својот бренд со идеја, не само да ја рефлектира својата личност , туку и да постигне совршена комбинација помеѓу елеганцијата и безкомпромисниот луксуз. Неговата „еco-luxe“ филозофија е дека секое шише може да се дополни и да се чува во текот на целиот живот и на тој начин се креира помалку отпад, чувајќи ја животната средина. На тој начин брендот е лансиран на самиот врв во светот на парфемите создавајќи свој „niche“ статус.
Во 2017 година се навршија 10 години од постоење на брендот, момент кога Kilian вклучува повеќе од 35 мириси кои се проткајкуват низ повеќе парфеми: “L’ŒuvreNoire”, “Arabian Nights”, “Asian Tales ”, “In the Garden of Good & EvilI “Addictive State of Mind ”.
Како што брендот еволуира, единствен аспект кој останува константен е дека сите производи се ултимативно софистицирани и безвременско луксузни.
Брендот ги има следните колекции: L’ŒUVRE NOIRE, IN THE GARDEN OF GOOD AND EVIL ,ADDICTIVE STATE OF MIND, MOONLIGHT IN HEAVEN, CARPE NOCTEM, FROM DUSK TILL DAWN, ARABIAN NIGHTS, ASIAN TALES .
Креаторот за создавањето на парфемите ќе каже:
L’ŒUVRE NOIRE – Ја започнав колекцијата со квази – Фаустов амбиент на ум. Но, исто така, се присетив и на модерните R&B текстови на 50 Cent, Snoop Dogg или Pharrell Wiilliamsa, текстови кои зборуваат за искушението пред урбаното насилство.
IN THE GARDEN OF GOOD AND EVIL -За мене, мирисната хармонија секогаш почнува со приказна. Во оваа колекција, тоа е мит со изворен грев кој се наоѓа во срцето на нараторот – класична тема чија интерпретација ја нагласува уметноста во секоја форма.
ADDICTIVE STATE OF MIND – мирисна зависност, есенцијален наркотик, средство за бегство, копнеж.
MOONLIGHT IN HEAVEN – парфем креиран по примерот на меден месец, инспирацијата за Cofret е добиена од дизајнот на Belle Epoque Jewellery.
CARPE NOCTEM – Оваа колекција креаторот ја дефинира со DARK LORD ‘EX TENEBRIS LUX’, злобна креација на ветивер. Непредвидлив, интензивен и аристократски.
FROM DUSK TILL DAWN ARABIAN NIGHTS – Колекција која е направена во чест на уметникот Klimt и неговата работа со златни текстури.
ARABIAN NIGHTS – Како инспирација за креирање на 5-те мириси во оваа колекција е Блискиот Исток, каде што централната состојка е OUD.
ASIAN TALES – Првенствено е замислено како мирисно патување, но многу брзо потоа станува духовно патување, токму заради значењето на симболите и зборовите кои станаа се позначајни и порелевантни.
„Парфемот, пред се мора да биде добра приказна, пред да стане прекрасна мирисна хармонија. Режисерот на еден филм, првата работа што ја прави е сценариото, а потоа почнува процесот на продукција… всушност ова беше начин на кој јас ја развивав својата колекција. За разлика од многу мои конкуренти кои своите парфеми ги нарекуваат по главната состојка, јас одлучив да направам нешто сосема поинакво. Одлучив на моите парфеми да им доделам „титула“ и „подтитула“, истакнувајќи дека секој мирис е почеток на вистинска приказна кој сеуште не е раскажана. Многу е покомплексно, но додава длабочина на секој поединечен мирис. Сите мои мириси се унисекс. Создавам парфеми кои изразуваат емоција којa го креира името. Ништо друго не ме интересира, освен приближување што повеќе до вистината“ – вели Kilian Hennessy.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот